Во четврток, 07.03.2013 година,  во 10 часот на техничко-технолошкиот кампус, во кабинетот К3-9 во новата зграда на МФС ќе се одржи презентацијата за програмата за размена на студенти запишани на втор и трет циклус на студии, како и можностите кои ги нуди програмата на докторите на науки. Програмата за размена на студенти се однесува за учебната 2013/2014 година. Презентацијата ќе ја води господинот Газменд Илази, претставник од Амбасадата на САД. Подетални информации за оваа програма, како и условите за аплицирање можете да ги добиете на следните PDF документи: програма, услови за аплицирање.