Почитувани матуранти, на веб страната на Факултетот објавена е листа на соодветни екстерни и интерни предмети од матура за гимназии и средни стручни училишта кои се потребни за упис на ФИНКИ за 2013 година. Пресметувањето на бодовите за упис за избрани соодветни и несоодветни предмети од матура е различно. Калкулатор на бодови и краток опис за тоа како се пресметуваат бодовите можете да најдете на овој линк, додека  пак листа на соодветни предмети можете да најдете на веб страната на Факултетот во делот Уписи - Додипломски студии - Потребни предмети.