Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на 24.07.2012 година потпиша договор за соработка со Бостон Универзитет, четврти најголем приватен универзитет во САД.

Со овој договор се предвидува можност за 5-те најдобри студенти од ФИНКИ дел од студиите да ги изведуваат на престижниот Оддел за компјутерски науки при Метрополитен колеџот на Универзитетот во Бостон, за прв и втор циклус на студии. Договорот беше потпишан од Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и проф. д-р Љубомир Читкушев, претставник на Бостон Универзитет.

Согласно одлуката на Владата, трошоците за студиите на овие студенти ќе бидат покриени од Министерството за образование и наука. Соработката почнува од летниот семестар од учебната 2012/2013 година.

На потпишување на договорот, покрај министерот без ресор Бил Павлески и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, присуствуваа Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов, Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и проф. д-р Љубомир Читкушев, претставник на Бостон Универзитет.

Министерот за образование и наука Панче Кралев истакна дека посебно значајно е тоа што програмите на ФИНКИ поминале процес на верификација на Бостон Универзитетот, што значи студентите ќе може да учат на некој вид компетабилни програми кои ќе бидат меѓусебно признаени од аспект на кредитите што ги носат.

Деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов изрази задоволство од воспоставувањето на соработката, која, како што рече, значи дека студиите на ФИНКИ се прифатени како партнерски за Бостонскиот Универзитет.

Листа со медиумски текстови за настанот е достапна во делот <a href=Прес.