6PM преку својата програма за обука и пракса нуди можност за извршување на дополнителна обука на млади, посветени ентузијасти кои покажуваат интерес во областа на Информатичката Технологија и им овозможува да се стекнат со практична примена на истите во компанијата.
Студентите ќе имаат можност да изберат, во зависност од нивниот интерес, да посетуваат обука од областа на .Net или Java технологиите. По успешното завршување на програмата за обука, кандидатите ќе имаат можност да стекнат практично искуство и знаење преку дополнително менторство од страна на технички експерти на 6PM.
Практикантите ќе битат евалуирани и во зависност од нивниот покажан интерес, посветеност, ангажман и вештини ќе им биде дадена можност за вработување во компанијата.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- да започнат дополнителни студии по завршувањето на нивниот досегашен семестар од нивните студии;
- многу добар пишан и говорен англиски јазик;
- доказ за изучување на предмети од .NET или Java програмирање.
Кандидатите потребно е да ги поседуваат следниве карактеристики:
- желба и одлучност да продолжат со професионална надоградба и личен план за развој;
- способност за работа во тимска околина;
- способност за постигнување на рокови и покренување на сопствена иницијатива;
- одлични комуникациски вештини.
