Компанијата Евер-Неар, која повторно има отворени работни позиции за Software Developer, ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат за едно од петте работни места.

 

Повеќе информации се дадени во продолжение.

 

Кандидатите ќе работат на дизајн и развој на WHATS’On решенија за телевизиски станици, во соработка со искусен тим од оваа област. Ќе имаат непосреден контакт со целосно објектно-ориентирани решенија на MediaGeniX, јазикот Smalltalk, Cincom VisualWorks околината и други современи технологии. 

 
Кандидатите за вработување треба да ги исполнат следните услови:
  • завршен факултет за Информатика;
  • работно искуство со објектно-ориентирани околини и решенија;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • солидни комуникациски способности.
Детален опис на работното место може да најдете веб страната на Евер-Неар.