16/10/2025

Драги студенти,
Со задоволство ве покануваме на предавање организирано од HTEC, глобална технолошка и консултантска компанија позната по создавање на иновативни дигитални производи и решенија.
За време на сесијата ќе имате можност да дознаете повеќе за:
- Кој е HTEC и со што се занимава компанијата
- Примери на проекти од различни индустрии и технологиите сработени од нивна страна
- Како нивните тимови се справуваат со реални предизвици
- Можности за кариера во HTEC – од почетни до сениор позиции и можности за менторство
Локација: Амфитеатар (мал) на ФИНКИ
Датум и време: 21 октомври, 12 часот
Времетраење: 45 минути
По предавањето, ве покануваме да ја продолжите дискусијата во HTEC Лабораторијата 13. Најактивните учесници ќе добијат интересни награди и HTEC промо материјали!
Не ја пропуштајте оваа можност да дознаете повеќе за реални проекти, да се поврзете со професионалци и да истражите потенцијални можности за кариера во HTEC!
1