Search results
Табови
м-р Војдан Ќорвезироски
Табови
м-р Стефан Андонов
Табови
Vojdan Kjorveziroski

Тим на ФИНКИ учествуваше на Регионалниот натпревар за Југоисточна Европа (SEERC) на ICPC 2024, одржан на 16-17 ноември 2024 година во Букурешт, Романија и притоа освои бронзен медал и се квалификуваше за претстојниот европскиот натпревар.
Регионалниот натпревар во Југоисточна Европа (SEERC) е регионална компонента на Меѓународниот натпревар за колегиумско програмирање (International Collegiate Programming Contest - ICPC). Тој е дел од конкурентниот програмски екосистем наменет за студенти, нудејќи можност за решавање на сложени алгоритамски проблеми во средина под висок притисок.
На овој натпревар 92 тима од повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се натпреваруваа за решавање на предизвикувачки алгоритамски проблеми. Тимот на ФИНКИ се стекна со бронзен медал и со тоа се квалификуваше за претстојниот европскиот натпревар во февруари во Португалија.

Размислувате за професионален почеток на вашата кариера? Вклучете се во Smart Start програмата на Македонски Телеком. Учете од врвни експерти, споделувајте идеи и бидете дел од тимот којшто ја креира дигиталната иднина.
Дознајте што нуди Smart Start програмата и аплицирајте за проектите тука: https://www.telekom.mk/smart-start-vol-3.nspx

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Центарот за промоција на науката организираме панел дискусија на тема локални и регионални проблеми и изнаоѓање иновативни решенија за подобра адаптација кон климатските промени на 5 декември во 12:00 часот во Нетавил (Никола Тесла 9, Скопје).
Работен јазик на настанот ќе биде англиски
Агенда на настанот:
12:00 – 12:15 Д-р Владимир Трајковиќ (ФИНКИ), Д-р Марјана Бркић (ЦПН), Поздрав и вовед
12:15 – 12:30 Д-р Драган Михић (РХМСС), “Климатски сервиси за климатска акција”
12:30 – 12:45 М-р Горјан Јовановски, "Трансформација на комплексни климатски податоци во разбирлив и акциски преглед”
12:45 – 13:00 Д-р Владимир Трајковиќ (ФИНКИ), Со податоци до почист воздух“
13:00 – 13:30 Панче Чавковски „CodeFu хакатон - технологијата во борба против загадувањето“
13:30 – 14:00 Панел дискусија на тема примена на климатски услуги за подобра адаптација кон климатските промени - модерирана од др Марјана Бркић (ЦПН)
Табови
д-р Марјан Гушев
Табови
д-р Катерина Здравкова
Табови
д-р Сузана Лошковска
Сакате да станете глобален експерт за сајбер безбедност?
Нашата европска заедничка магистерска програма е вашиот билет за извонредно академско патување!
ФИНКИ како дел од проектот CyberMACS (Erasmus MUNDUS project for a Master of Science in Applied Cybersecurity), ве поканува да се приклучите во ова CyberMACS друштво и да ја запознаете иднината од една поинаква перспектива, каде вие ќе бидете тие кои ќе застанат во првите редови на дигиталната револуција.
Што го прави CyberMACS посебен?
• 2-годишна програма на 3 престижни универзитети
• Двојна диплома од реномирани универзитети од Германија и Турција
• Бесплатна школарина
• 33.600 евра стипендија за целото студирање
• Меѓународни можности за мобилност
• Практично применета обука за сајбер безбедност
Рокот за аплицирање е до 15.12.2024. Апликациите се одвиваат преку електронскиот систем на следниов линк.
За дополнителни информации може да се обратите на
.