Body: 
При запишувањето на предметните програми, студентот прво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од соодветниот (летен/зимски) претходен семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, но на тој начин што неговите вкупни студиски обврски во еден семестар да не го надминуваат бројот на ЕКТС- кредити утврден во правилникот за студирање.
 
Предметите кои се нудат во соодветниот семестар Факултетот ќе ги објави 2 седмици пред почетокот на семестарот.
 

При повторно запишување на неположен изборен предмет, студентот има право да го замени изборниот предмет со друг изборен предмет од понудените изборни предмети во соодветниот семестар.