Search results

Предводени од потребите на дигиталниот свет, ФИНКИ започнува со програми за стручно и професионално усовршување на дигиталните вештини кај ентузијасти со цел помагање на развојот на области се во постојан подем како: медицина, производство, инженерство, земјоделие, трговија, наука, едукација, спорт, итн. 

finki_slajder_obuki_1400x500_text_0.png

Кадарот на ФИНКИ своето искуство и квалитет ќе го насочи кон квалификација, доквалификација и преквалификација на потенцијални учесници со желба за стекнување на основни компјутерски вештини, стручно или професионално усовршување. 

Новите програми на ФИНКИ се поделени во три категории: 

ОБУКИ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ - наменети за почетници кои сакаат да ја зголемат својата продуктивност и да  научат како да работат со компјутер;

ОБУКИ ЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ - наменети за луѓе кои сакаат да се стекнат со компјутерски вештини и да започнат кариера во IT секторот;

ОБУКИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ - кратки обуки наменети за ИТ професионалци и студенти.

Обуките за основни и напредни компјутерски вештини се одвиваат во времетраење од 3-4 месеци практична настава и полагање за сертификат.

На обуките може да се пријават сите заинтерисирани кандидати. Дополнително, младите учесници на возраст од 18-29 години, ќе бидат стимулирани со можност за искористување на ваучер доделен од страна на МОН. 
Пријавувањето за некоја од обуките на ФИНКИ ќе се одвива електронски  до 1 август 2020 год., по што ФИНКИ ќе ве контактира на вашата e-mail адреса  и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.
Повеќе информации за обуките може да погледнете на obuki.finki.ukim.mk.

0

Последниот викенд во Јануари, веќе осма година по ред, е резервиран за најголемиот регионален настан посветен на развивање видео игри – Global Game Jam Македонија 2020. Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител – досега се создадени 180 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници, па така #ggjm20 ќе се случува на три локации: Скопје, Битола и Охрид.

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Оваа година ќе се случува од 31ви јануари до 2ри февруари и како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка, едукација и експериментирање.

Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап,  оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе на отварањето, затварањето и во текот на целиот настан.

Нашите учесници се професионалци и студенти од ИТ индустријата, ентузијасти и креативци. На #ggjm20 ќе се сретнат:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми,...
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
  • Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
  • Барем 50% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

 

За повеќе информации околу настанот како и фотографии од претходните години може да добиете на нашата web страна: http://gamejam.mk,
а доколку сакате да се приклучите, помогнете или да се промовирате на нашиот настан, контактирајте не на info@gamejam.mk.

Македонска Асоцијација за развивање игри – МАГДА
Скопје, Битола, Охрид

ggjm20-finki6281.png

0

На 28 и 29 Септември 2019 година во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето се одржа првиот хакатон од областа на осигурувањето -  InsurHack Скопје 2019. На настанот настапија вкупно 16 учесници во 5 тимови:

Тимовите изработија идејни решенија за следниве теми:

  1. Платформа за дигитализација на Европски Извештај за пријава на штета
  2. Платформа за онлајн компарација на цени на осигурување од автоодговорност и КАСКО
  3. Платформа за прибирање и обработка на податоци за возење

Комисијата составена од претставници на осигурителните друштва, стартап заедницата и ФИНКИ изврши оценување на истите, врз основа на претходно дефинираните и јавно објавени (на веб сајтот на настанот www.insurhack.co ) критериуми за учество и оценување. Врз основа на оценувањето, тимовите го зазедоа следниов редослед:

  1. Teletabisi                 
  2. Insurfeit                   
  3. UIST                          
  4. Damazan                 
  5. San Junipero           

Победникот на InsurHack Skopje 2019, тимот Teletabisi (во состав Виктор Аврамовски, Глигор Атанасовски, Антонио Аврамовиќ –  студенти на ФИНКИ), ќе учествува во пич сесијата на настанот InsurTech Skopje 2019.

12.jpg

0

На кампусот технички факултети, официјално беше отворен шестиот Саем за вработување и пракса Контакт 2019. Саемот се состои од едукативен и саемски дел, стои во соопштението.

“Организацијата на овој Саем е добра можност компаниите, во најдобро светло, да се прикажат пред студентите со сите свои можности за вработување и пракса. Од друга страна, студентите имаат можност да ги покажат своите биографии и вештини и на овој начин, да најдат заеднички интерес за вработување, пракса или каков било вид соработка. УКИМ секогаш ги поддржува ваквите настани каде има можност за интерактивна комуникација меѓу студентите и компаниите“, порача ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски.

Ректорот, во своето обраќање на свеченото отворање, потенцираше дека, според анализите, досега има повеќе од 150 успешни приказни на вработување во компании од страна на студенти кои биле на пракса и ги усовршиле своите знаења и вештини.

Продеканката за финансии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, професор д-р Весна Димитрова објасни дека овие настани, значат можност за надополнување на теоретското со практично знаење и дека бенефитот од нивната организација го чуствуваат и двете страни.

dsc_01233371.jpg

pfz_88883370.jpg

dsc_01513369.jpg

 

 

 

0

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година, а оваа ќе се случува на три локации: Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1500 учесници - професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Лани Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 300 учесници на локациите. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Учеснициците се професионалци и студенти од ИТ индустријата. Тие се:

• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,...

• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата

• Просечната возраст на нашите учесници е 25 години

• 40% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата

• Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк

landing_page3307_0.jpg

0

11 септември, 2018, СКОПЈЕ - Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.

Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и деканот на ФИНКИ, проф. Д-р Иван Чорбев.

Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

Воедно, како што информираат од Асоцијацијата, ФИНКИ е и дел од партнерите на првата конференција за е-трговија под наслов “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!”, која има за цел да придонесе кон поголеми знаења поврзани со е-трговијата вклучувајќи ги и поврзаните услуги и технологии и да придонесе кон намалување на препреките кои го ограничуваат развојот на оваа дејност.

Со ова, и двете страни укажуваат на меѓусебна соработка со која ќе придонесат кон подобрување на е-трговија, каде што како еден од проблемите за развој претставува и едукацијата на крајните корисници и малите и средни претпријатија за инволвирање во е-трговија.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

3.jpg    1.jpg

0

Првото предавање од серијата на ФИНКИ Tech клубот беше одржано од страна на компанијата MCA, каде беа прикажани практични примери на тема Rest Fundamentals. Во пријатна атмосфера и со голема посетеност, присутните поставија многу прашања, а воедно беше доделена и награда. Слики од настанот може да погледнете на следниот линк

img_2054.jpg

0

На 30-ти март, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) го  одбележа својот седми роденден. На свеченоста  им беа врачени награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5. Исто така, беа доделени и дипломи на сите завршени и магистрирани студенти од 2017-та година.

dsc_6735.jpg

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е формиран во 2011 година, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). ФИНКИ како дел од УКИМ е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.

dsc_6778.jpg

 

0

Почитувани студенти,

Секоја година ФИНКИ е организатор на меѓународната научна конференција CiiT (International Conference on Informatics and Information Technologies) на која се презентираат трудови од најновите научни достигнувања на истражувачите од земјата и странство. Оваа година, конференцијата ќе се одржи во периодот 20-22.04.2018 во хотелот „Бистра“, кој се наоѓа во Националниот парк „Маврово“.

Како и секоја година, така и оваа, ФИНКИ им нуди можност за учество на своите студенти на конференцијата. Учеството може да биде преку студентски научен труд кој се однесува на проект кој сте го изработиле или пак на кој тековно работите. Проектот може да биде изработен во рамки на курсевите на факултетот, ваш самостоен проект или дел од ваша работа завршена за време на студентска размена/пракса.

Студентите кои се заинтересирани за учество на конференцијата најпрво треба на една страница да напишат кратко резиме (апстракт) за проектот и да го постават на страницата за прикачување најдоцна до 20.02.2018. Авторите кои ќе влезат во потесен избор ќе треба да го прошират краткото резиме во студентски труд (максимум 6 страни). За студентски трудови ќе се сметаат трудовите за кои при нивното праќање е избрано дека се од тип студентски труд. Сите потребни информации за форматот на трудовите и нивно поставување ќе ги најдете на официјалниот сајт на конференцијата http://ciit.finki.ukim.mk.  Рокот за поставување на студентските трудови е 18.03.2018. За повеќе информации, контактирајте нѐ на ciit@finki.ukim.mk.

Испратените студентски трудови ќе бидат евалуирани од избирачкиот одбор на конференцијата и најдобрите 10 ќе бидат наградени со бесплатно учество на конференцијата, кое вклучува котизација, едноднево сместување во хотелот „Бистра“ и превоз на еден претставник за секој труд.

Главните критериуми при евалуација на испратените трудови ќе бидат иновативноста, имплементацијата на најновите трендови во компјутерската наука и инженерство и коректна форма на техничко изразување. Студентските трудови ќе бидат презентирани во специјални студентски сесии и истите ќе влезат во изборот за најдобар студентски труд.

Освен презентацијата на вашата работа, учеството на конференцијата ќе ви овозможи и да се запознаете со работата на останатите колеги од факултетот и да уживате во пријатната атмосфера и амбиент на хотелот „Бистра“ и Националниот парк „Маврово“. Затоа, ве покануваме и охрабруваме да земете активно учество во конференцијата.

Со почит,

Организациски одбор на CIIT 2018.

 

 

1

На 16.03.2018 во просториите на ФИНКИ се одржа настанот Digi Girlz. Целта на овој настан беше да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи. За време на настанот успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработените од Мајкрософт зборуваа  со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите.

dsc_6527.jpg

dsc_6637.jpg

dsc_6495.jpg

0