Search results

На 30-ти март, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) го  одбележа својот шести роденден. На свеченоста  им беа врачени награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5. Исто така, беа доделени и дипломи на сите завршени и магистрирани студенти од 2016-та година.

no1_4047_0.jpg

 

На настанот присуствуваше Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.  Генерален спонзор на наградите за најдобрите студенти беше компанијата Мусала Софт, а настанот го поддржа и компанијата Allocate.

 

no1_3982.jpg

 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е формиран во 2011 година, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). ФИНКИ како дел од УКИМ е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.

no1_3861.jpg

0

Студентската организација ЕЕСТЕК во склоп на својот проект наречен ЕЕСТЕК Академија организира 4-ти модул посветен на 3D анимација.  

Модулот ќе се одржи од 3-ти до 13-ти април во просториите на ФИНКИ и истиот ќе биде реализиран преку 5 предавања и вежби. Настанот ќе брои 30 учесници од техничкиот кампус, кои ќе работат на технологии од стручен карактер и со помош на професионалци и експерти од областа ќе се запознаат повеќе со темата.  Студентите ќе работат во програмот “Maya” и ќе научат да го користат на понапредно ниво, а крајниот продукт ќе биде анимиран лик кој ќе го сработат партиципантите самостојно. 

Секој од учесниците ќе добие диплома како знак на признание за својата партиципација, а дел или целата анимација која ќе се сработи за време на настанот, може да се употреби како завршен проект по предметот Компјутерска анимација.

Се повикуваат заинтересираните студенти да аплицираат на следниов линк.

Повеќе информации за настанот и за агендата може да погледнете на следниот линк.

 

10258788_547878565381437_6034524911068441057_o.jpg

 

0

Во периодот 7-ми до 9-ти април 2017 година ќе се одржи 14-тата Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2017, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамки на Конференцијата ќе се одржи специјална студентска сесија на која ќе бидат презентирани најдобрите студентски трудови и проекти кои ќе бидат одбрани од комисијата за студентски проекти. Дополнителни информации во врска со конференцијата се достапни на веб-локацијата на конференцијата. Официјалниот јазик за комуникација на конференцијата е англиски јазик поради меѓународната природа на конференцијата.

_mg_9925_sm.png

0

На 11-ти март во просториите на ФИНКИ се одржа работилница за средношколци за изработка на 3Д анимација за Скопје.

Работилницата е дел од програмата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива 2017”. Предвањата ги одржа Бобан Јоксимовски, асистент на ФИНКИ. 

 

img_20170310_172139_0.jpg

0
На 4-ти март во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) се одржа презентација на мобилните апликации кои учествуваа од натпреварот за креирање мобилна апликација во рамки на националната кампања „Информирај се сега!“ Кампањата „Информирај се сега!“ ја спроведуваат Коалицијата СЕГА со Младинските информативни и советодавни центри Инфо СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт и ФИНКИ.
 
Мобилната апликацијата има за цел да им овозможи на младите луѓе брзо, едноставно и безбедно да дојдат до интернет информации кои им се потребни во денешното информатичко општество: образование, стипендии, вработување и сл.
На настанот учествуваа четири тима од ФИНКИ.
 

17155620_10155287534159925_4970483625606107390_n.jpg

0

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање  и правење на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2016 година Global Game Jam се одржа на 611 локации во 93 земји и беа создадени преку 6866 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола, а од оваа година и во Охрид. Oрганизиратор е Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Во изминатите три години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 800 учесници – ентузијасти, средношколци, студенти и професионалци од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење, остваруваат контакти и да се дружат и играат. Досега се создадени 104 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

ggjm2013-1.jpg

Во 2016, Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam во Скопје и Битола го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри), а оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје и Совет на Општина Битола во Битола. Учесниците се од сите профили: цртачи, музичари, 3д моделери, програмери, гизајнери и саунд инженери па се до љубители на игри. За сите учесници обезбеден е непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа и простор за рекреација и одмор. Во текот на работата ментори од компанијата ShadowGrid ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.

ggjm2016.jpg

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на следната web страна: http://gamejam.mk

 

0

ReFresh „F5“ претставува тродневен хакатон за развивање на мобилни апликации во полето на екологијата. За прв пат, годинава се организира хакатон од ваков вид по иницијатива на професорите и студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и има за цел да ги донесе на едно место програмерите и активистите во областа на екологијата, каде што ќе може да се запознаат со еколошките проблеми со кои што се соочуваме и работат кон нивно креативно решавање.

За време на тридневната интерактивна работилница и хакатон, која ќе се одржи од 05.12-07.12.2016 во просториите на Регионалниот центар за Социјални иновации, натпреварувачите ќе креираат свои дела (мобилни апликации), под менторство од вистински експерти од областа. Победничкиот тим ќе ја добие наградата oд ИЕЕЕ секцијата за компјутери на РМ.

sih1.jpg

Настанот е организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ, со поддршка од самиот факултет, Македонска секција на ИЕЕЕ (IEEE), Регионалниот центар за социјални иновации, Програма за развој на Обиденетите Нации (UNDP) и Министерстово за животна средина и просторно планирање.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да го пополнат следниот апликационен формулар. Ќе бидат селектирани вкупно 21 учесници. Крајниот рок за аплицирање е 01.12.2016, 12:00 часот.

0

Во ко-организација со Регионалниот Центар за Социјални Иновации на ФИНКИ и SmartUp - Creating the geeks of tomorrow, платформа за поддршка и развој на ИКТ културата и афирмација на претприемништвото,  на 25.11.2016, петок, во 19.00 часот во просториите на Регионалниот Центар за социјални иновации на ФИНКИ ќе се одржи првиот од серијата  Кафе со успешен говорник настани, на кој ќе зборува Д-р Жан Митрев.

15135912_535457566647205_1497771840221622491_n.jpg

Идејата на овој  Social Innovation Hub настан е целосно инклузирање на група од 30 средношколци и студенти со говорникот кој ќе зборува за неговата животната приказна, како и ќе посочи негови реални примери, совети и насоки за избор на правилниот кариерен пат.

 

 

0

Во конкуренција на 80 учесници од 15 тима, студентите на ФИНКИ, Бобан Блажевски, Иван Стојановски и Стефан Стојковски кои го сочинуваа тимот на CABICO победија на овогодинешното издание на Startup Weekend Skopje. Настанот се одржа од 28ми до 30ти октомври во Скопје.Тимот на CABICO креираше мобилна платформа за брзо повикување или закажување на такси превоз во одреден временски период со можност за ride-sharing на такси превозот и без-готовинско плаќање. Платформата е креирана на Android и iOS, со посебни апликации за возачи и корисници.

img_8018.jpg

Им посакуваме успешна реализација на прототипот во продукт!

0

На 05.11.2016 (сабота) од 13:30 до 19:00 часот во просториите на ФИНКИ ќе се одржи TEDxCERN Live Broadcast @ TEDxSeptemvriskaSesijaSalon на тема „Ripples of Curiosity”. Домаќин на настанот е Центарот за Социјални Иновации при ФИНКИ. Целта на настанот е да се овозможи на локалната заедница во живо да проследи еден од најзначајните TEDx настани на глобално ниво - 4-тото издание на ТEDxCERN, а притоа преку дискусија помеѓу учесниците да се развие дискусија за темите кои ќе бидат отворени во говорите одржани на TEDxCERN.

tedx_2_pic_4.jpg

Темата „Ripples of Curiosity“ ќе го отвори прашањето и ќе покрене дискусија за тоа дали е потребно вклучување на сите учесници од повеќе сфери и области на интерес во општествотo во процесот на изнаоѓање иновативни и креативни решенија кои би функционирале на нашето поднебје, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваме во денешницата. 

Во прилог може да го погледнете и официјалното соопштение.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар поставен на следниот линк.

Учеството на настанот е бесплатно но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 30. Крајниот рок за аплицирање е 03.11.2016, 12:00 часот, пладне. 

Официјален Facebook event: Линк

AttachmentSize
PDF icon Соопштение461.54 KB
0