Search results

Ве известуваме дека според бројот на пријавени кандидати, подготвителната настава по математика и програмирање ќе се реализира. Заради многу малиот број на студенти пријавени за следење на наставата по математика со физичко присуство, наставата по математика ќе се одвива целосно онлајн.

Заради големиот интерес и пораки што ги примивме, рокот за пријавување се поместува до 14.9.2024 година (сабота) до 16:00 часот (деталите за наставата и начинот на пријавување може да ги најдете на овој линк

Подготвителната настава по математика ќе почне во понеделник (16.9.2024) и ќе се реализира до сабота (21.9.2024) онлајн со почеток во 9ч. Детали за начинот на на следење на наставата преку системите за далечинско учење на ФИНКИ  ќе биде пратен до пријавените кандидати во сабота после 16ч.

Подготвителната настава по информатика ќе се реализира хибридно од 23.9.2024 година до  27.9.2024 година. Деталниот распоред заедно со податоци за начинот на следење на наставата преку системите за далечинско учење на ФИНКИ  ќе биде пратен до пријавените кандидати во текот на следната недела.

 

Со цел да може да присуствувате на подготвителната настава, потребно е да приложите уплатница со соодветната сума.

- 3000 денари за подготвителна настава по програмирање (ако слушате само програмирање)

- 5000 денари за подготвителна настава по математика (ако слушате само математика)

- 8000 денари за подготвителна настава по програмирање и математика (ако ги имате избрано и двата курса)

 

Уплатницата (достапна тука) треба да ги содржи следниве информации:

цел на дознака: подготвителна настава по програмирање/математика/програмирање и математика (соодветно која настава ќе ја следите)

назив на примач: Буџет на РМ - УКИМ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје

банка на примач: НБРМ

сметка на примач: 100000000063095

сметка на буџетски корисник: 1600161700  788 13

приходна шифра и програма: 723012  41

 

Уплатницата (слика или документ за електорнско плаќање) потребно е да ја испратите на podgotvitelna@finki.ukim.mk најдоцна до 17.9.2024 (вторник) во 9ч (наутро) ако имате избрано математика или и двата курса, или до 23.9.2024 година ако имате избрано само програмирање.

За било какви прашања можете да ни пишете на podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Ви посакуваме успешна настава.

 

Friday, September 13, 2024

Во системот за молби овозможени се следните:

  • Молба за запишување на повеќе од 35 кредити
  • Молба за плаќање на рати
  • Молба за запишување на предмет без исполнет предуслов (студентот мора да има освоено минимум 210 кредити)
Крајниот рок за поднесување е до 26.09.2024.
Wednesday, September 18, 2024
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2024/2025 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
 
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година  најдоцна до 20.09.2024 до 14:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување на формата на следниот линк
 
Техничките пропусти се однесуваат на:
1. Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2. Избор со кофинансирање
3. Редослед на студиски програми
4. Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Thursday, September 19, 2024

Netcetera’s 2024 Autumn/Winter Internship Program is now open!

Apply and grab the perfect opportunity to build your skill set, boost your knowledge, and expand your horizons through hands-on experience working on real projects using the latest technologies - all that under the guidance of а dedicated mentor and the support of expert colleagues.

Take the initiative - apply for an internship at Netcetera!

- Software Engineer Internship: https://bit.ly/software-engineering-intern-24
- Machine Learning Engineer Internship: https://bit.ly/machine-learning-eng-intern-24
- QA Engineer Internship: https://bit.ly/qa-engineer-internship-24

1

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-2423/1 од 26.09.2109 година за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори и Статутот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се распишува следниов

 

ИНТЕРЕН КОНКУРС

За избор на демонстратори и демонстратори од индустрија за академската 2024/2025 година

 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на единаесет демонстратори за учебната 2023/24 година.

 

Критериуми за избор

За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот  за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2024/25 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:

  1. За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа, согласно Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области) (сл. Весник бр. 91/2024) и тоа сите области од научното поле 1.02 ( Компјутерски науки, информациски науки, образование во информатика и др.) и од научното поле 2.02 областа 2.02.00.14 (Компјутерска техника, информатика и роботика)  односно области од  наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика по квалификација на ОЕЦД (Сл. весник 103/2010) со просечна оценка од најмалку 8,50.

Како критериум за избор се земат:

  • учество од 85% на просекот на завршени додипломски студии
    • просекот се коригира со фактор согласно рангирањето на универзитетот
  • 15 %  од интервју

Обем, надоместок и траење на ангажманот

Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на  аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 10 часа вежби односно 6 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 36.000,00 денари нето месечно.

Факултетот може да избира демонстратори од индустрија кој ги исполнуваат минималните законски услови. Демонстраторите од индустрија можат да имаат максимален ангажман од 4 часа вежби и ќе добијат 30% попуст на магистерските студии или еквивалента исплата.

Работното време е 40 работни часа во текот на неделата согласно распоред на настава и други дополнителни работни задачи.

Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2024/25 година. 

 

Кандидатите треба да достават:

  • Пријава за позицијата за која аплицираат (демонстратор или демонстратор од индустрија)
  • Број на индекс од додипломски (за студенти на ФИНКИ) или Уверение за дипломирање од прв циклус студии за студенти кои завршиле на друг факултет
  • Краткa биографија (CV) со контакт телефон и eмаил адреса
  • Број на индекс од втор или трет циклус студии на ФИНКИ или изјава дека ќе се пријават на втор или трет циклус на студии на ФИНКИ во првиот уписен рок
  • Избор на групи од предмети на кои се пријавува (подредени по приоритет). Групирањето на предметите е достапно на следниот линк.

 

Кандидатите се пријавуваат преку следниот линк најдоцна до 29.09.2024 до 23:59.

 

 

Monday, September 23, 2024

Објавени се прелиминарните ранг листи за вториот уписен рок за академската 2024/2025 година.

Доколку имате приговори во врска со ранг листата, истите можете да ги доставите на arhiva@finki.ukim.mk најдоцна до 24.09.2024 до 16:00 часот.

Monday, September 23, 2024

Почитувани студенти,

Заверката на летниот и запишувањето на зимскиот семестар ќе се одвива од 17.09.2024 до 24.09.2024. Изборните предмети што ќе се активираат можете да ги прегледате на следниот ЛИНК.

Информации за финансиските обврски се достапни на следниот ЛИНК.

Дополнително ќе следи известување за доставување на статистичкиот лист и добивање на печат во индексот.

Tuesday, September 17, 2024

Табови

Aleksandra Popovska Mitrovikj Ph.D.

Финансии

Body: 

Сметки на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

Матичен број на Факултетот: 6696287
Даночен број на Факултетот: 4057010100492
Сметка (буџетска): 160016170060312
Сметка на буџетски корисник (сопствена): 160016170078813

Уплатница

Приходни шифри:
  • 723011 - Такса за диплома и сертификат
  • 723012 - Такса за запишување
  • 723013 - Такса за испити
  • 723014 - Такса за лабораторија
  • 723019 - Други образовни такси
  • 723212 - Книги и други материјали за образование
  • 723219 - Приходи од продажба на производи и стоки 
  • 723220 - Приходи од продажба на други производи
  • 741111 - Тековни трансвери од други нивоа на власт
 

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во вториот уписен рок ќе се изврши на 26.09.2024 на шалтер во студентска служба од 9:00 до 12:00 часот.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овој термин и да ги достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025
Wednesday, September 25, 2024