Search results

Квоти

Body: 

Квоти

Согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2025/26 година, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во наредната учебна година ќе запише вкупно 730 студенти на магистерски студии.
 
 
За студентите кои во учебната 2025/2026 година ќе се запишат на магистерски студии на ФИНКИ, постојат вкупно 19 (деветнаесет) студиски програми. Бројот на студенти кои ќе можат да се запишат на ФИНКИ на секоја од студиските програми, е даден во продолжение.
 

Студиска програма

Број на

студенти

Вкупен износ на школарина (ЕУР)

 3+2

4+1 

Едногодишни магистерски студии

 

 

 

Data science in computer science and engineering

50

 

1800

30/50

 

1800

Биоинформатика (1 годишни)

30

 

1800

Едукација со ИКТ (1 годишни)

30

 

1800

Еко-информатика (1 годишни)

30

 

1800

Интелигентни системи (1 годишни)

30

 

1800

50/50

 

1800

Компјутерски науки (1 годишни)

30

 

1800

Пресметување во облак (1 годишни)

30   1800

Софтвер за вградливи системи (1 годишни)

30

 

1800 

Софтверско инженерство (1 годишни)

50

 

1800

Статистика и аналитика на податоци (1 годишни)

30

 

1800

50/50

 

 

Двегодишни магистерски студии

   

 

10/30

2500 

 

Биоинформатика (2 годишни)

20

2500 

 

Пресметување во облак (2 годишни)

10

2500 

 

Статистика и аналитика на податоци (2 годишни)

10

2500 

 

Управување во информатички технологии (2 годишни)

30

2500 

 

Софтверско инженерство (2 годишни)

30

2500 

 

 
* Запишувањето студенти ќе се врши по добивање решение за акредитација и решение за почеток со работа  
  Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд

Услови

Body: 

Услови

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2025/2026 година, право на конкурирање имаат кандидатите кои ги исполнуваат следниве општи услови:

  • да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии;
  • да имаат освоено 240 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за едногодишни магистерски студии;
  • да имаат освоено 180 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за двегодишни магистерски студии.

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнуваат и специфичните услови утврдени со студиската програма за која аплицираат, доколку такви се предвидени.

PHD studies

Body: 

PHD studies

In accordance with the Call for PHD student enrollment, the University "SS. Cyril and Methodius" in Skopje, for the learning year 2016/17, the registration of the candidates will be held between 12 and 30 september 2016. The registration will take place in the School for PHD studies on the University "SS. Cyril and Methodius" in Skopje, address: bul. Goce Delcev no. 9, 1000 Skopje.
 
According to the Call, the Faculty of computer science and engineering in the study year 2016/2017 will enroll 74 students on PHD studies.
 
The distribution of the available places by study programs, and the amount of the total tuition fee for each of the study programs can be seen in the part Quotas
 
The list of the acredited mentors for PHD on FCSE is in the part  Аcredited mentors
 
The documents that are needed for registration are given in the following link Documents
 
Preconditions that the candidates need to meet in order to enroll for PHD, are given in the part Conditions

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

И оваа година, петта по ред, A1 Македонија ја реафирмира својата посветеност кон поддршката на младите таленти, преку уникатната платена програма за пракса – A1 WayUp. Програмата нуди извонредна можност за најперспективните студенти да го направат првиот чекор во својата професионална кариера, во рамки на некои од најдинамичните и значајни области: автоматизација, анализа и визуелизација на податоци, развој на платформи, IT инфраструктура, сајбер безбедност, технички сервиси, ИКТ решенија, корпоративни комуникации, бизнис трансформација и човечки ресурси.

Програмата започнува на 1 октомври 2025 година и трае шест месеци со полно работно време односно 40 часа неделно. Учесниците ќе бидат целосно интегрирани во работниот процес на A1, ќе работат на реални и иновативни проекти и ќе имаат континуирана поддршка од искусни ментори и експерти од својата област. Како дел од тимот, ќе уживаат бенефиции еднакви на оние на сите вработени во компанијата.

Преку структурирани обуки и пристап до напредни ресурси, A1 WayUp овозможува стекнување на практични знаења, развој на професионални вештини и подготвеност за идни предизвици во бизнис и технолошката сфера.

Повикот за аплицирање е отворен од 23 јуни до 27 јули 2025 година, за 12 отворени позиции. Заинтересираните студенти треба да достават кратка биографија преку кариерната страница на A1 Македонија, избирајќи една од достапните позиции во рамките на програмата.

Процесот на селекција опфаќа проценка на потребните компетенции, анализа на личните карактеристики и завршно интервју, со цел идентификување на кандидатите кои најдобро се вклопуваат во организациската култура и динамиката на A1.

Избрани ќе бидат 12 студенти, кои ќе добијат можност да започнат со својата професионална трансформација во реномирана компанија која ги негува иновацијата, развојот и талентот.

Апликациите за A1 WayUp – Generation ’25 можат да се поднесат на следниот линк.

1
На ден 12.11.2024 со почеток во 11:00ч во амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи јавен настан со кој ќе се означи почетокот на проектот ChatMED - иницијатива посветена на трансформирање на медицинската експертиза преку иновативни решенија базирани на генеративна Вештачка интелигенција.

Проектот, чиј деталeн опис можете да го најдете на овој линк, има за цел да прикаже како генеративната Вештачка интелигенција може да го подобри квалитетот на медицинските услуги и да ги премости предизвиците со кои се соочуваат здравствениот и ИТ секторот во нашата земја. Ќе се фокусираме на тоа што е неопходно за да бидеме во чекор со светските трендови и како можеме, со соработка и иновации, да ја подобриме медицинската пракса.

Во рамки на настанот ќе се одржи:

 

  • Презентација на проектот и неговите потенцијали,
  • Низа презентации на сродни успешни решенија од страна на нашите партнери,
  • Дискусија за тоа што недостига за да ја унапредиме медицинската пракса преку нови технологии,
  • Коктел и мала изложба - можности за вмрежување.

За ваше учество, ве молиме пополнете ја следната форма. Вашето присуство ќе биде од особена полза за унапредување на соработката меѓу јавниот/приватниот здравствен сектор и научно-истражувачкиот ИТ сектор.

Очекуваме со нетрпение да ги споделиме визиите за иднината на здравството.

1

Започна хакатонот „Кликни Безбедно!“ на ФИНКИ

Денес започна хакатонот „Кликни Безбедно!“, во рамки на проектот MKSafeNet, што се одржува овој викенд на ФИНКИ! На свеченото отворање присуствуваше министерот за дигитална трансформација, м-р Стефан Андоновски, како и членови од партнерите кои учествуваат во проектот. На тимовите учесници им посакуваме многу успех, инспирација и тимска работа!

1

На свечениот настан организиран под покровителство на Министерството за јавна администрација, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ја доби третата награда за управување со квалитет во јавниот сектор – признание што го потврдува високиот степен на посветеност, ефикасност и транспарентност во работењето на нашиот факултет.

Ова признание доаѓа како резултат на континуираните напори за воведување европски стандарди, подобрување на процесите и ориентираност кон студентите и општеството.

„Овие институции не се само успешни приказни – тие се доказ дека реформите се можни и дека доброто управување носи доверба“, истакна Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, при доделувањето на наградите.

Признанието е доделено заедно со уште две водечки институции:

  1. Централниот регистар на Република Македонија (прва награда)
  2. Агенцијата за вработување на Република Македонија – АВРМ (втора награда)

ФИНКИ со оваа награда уште еднаш ја потврдува својата улога како лидер во образованието, иновациите и одговорното управување.

1

ФИНКИ, во соработка со Студентскиот парламент на ФИНКИ (СП ФИНКИ) и Факултетското студентско собрание на ФИНКИ (ФСС ФИНКИ), ве поканува на Контакт 2025, најголемиот саем за вработување и пракса во ИТ индустријата!

 

Настанот ќе се одржи од 25 до 28 март 2025 во холот на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ).

 

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор во вашата кариера? Контакт 2025 ви нуди уникатна можност да:

 

  • Се сретнете лично со претставници од врвни ИТ компании
  • Дознаете повеќе за актуелните можности за пракса и вработување
  • Следите онлајн презентации и инспиративни сесии од индустриски експерти
  • Стапите во контакт со потенцијални работодавци и го проширите вашето професионално вмрежување

 

Не ја пропуштајте шансата да се запознаете со светот на ИТ индустријата одблизу и да започнете со градење на вашата кариера уште додека студирате.

25 – 28 март 2025

Локација: Хол на ТМФ

* Во меѓувреме посетете не на kontakt.mk, направете профил и бидете чекор поблиску до својот иден работодавач.

Ве очекуваме!

1

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември! На овој посебен ден, Универзитетот додели награди за најдобрите научници и уметници, признавајќи ги нивните врвни достигнувања во научноистражувачката дејност.

Со особена гордост ги објавуваме нашите добитници на награди:

  • проф. д-р Димитар Трајанов, прогласен за најдобар научник на УКИМ за техничко-технолошките науки во 2023 година!

Професорите добитници на Плакетата на УКИМ за 2024 година, за објавени повеќе од 100 научни трудови, индексирани во базата Web of Science:

  • проф. д-р Владимир Трајковиќ
  • проф. д-р Ефтим Здравевски

Како и проф. д-р Марјан Гушев, за исклучителното достигнување во кариерата и меѓународно признаената извонредност, преку застапеност на Stanford University World's Top 2 % Scientists, на листата за достигнувања во целокупната кариера.

Честитки до нашите професори! Нивните успеси се инспирација за сите нас, и со нетрпение очекуваме уште поголеми достигнувања во иднина!

1

На 1 октомври 2024 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) беше домаќин на конференцијата Science|Business, која ја истакна важноста на интегрирањето на истражувачката инфраструктура на Западен Балкан во Европскиот истражувачки простор.

Конференцијата опфати дискусии за јакнење на капацитетите за истражување и иновации, создавање стратешки партнерства и спречување на „одливот на мозоци“. Покрај тоа, учесниците дебатираа за можностите на Југоисточна Европа да се поврзе со европската истражувачка мрежа.

Поддржана од Европската комисија и EIT Community, конференцијата обедини регионални и европски експерти.

На конференцијата учествуваше Д-р Анастас Мишев, редовен професор на ФИНКИ.

Конференцијата е прва од ваков вид, надвор од земјите на ЕУ.

0-02-05-9996d232a0e12e60f39f5c427f3894cfc734b43bd831253f59f26ed806e5462a_2261da08236ee943.jpg

0-02-05-e0a2f77e878f5fbb7392dddc3d30f625b8622cc5743879e7e49c4e2786c902d6_fcc04f6f5ea9f955.jpg

0-02-05-fd04fb6c330c03d620fe676034d52d06c4ba16ea687f8bc8bd67df33bc97f5d4_a920469ac1684e83.jpg

1