Post date:
19/01/2026
Почитувани студенти,
И оваа година традиционално ќе се одржи свечено доделување на дипломи на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2025-та година, како и награди и пофалници за студентите кои во учебната 2024/25 година ја завршиле со успех 9.5 и над 9.5. Присуството на настанот за наградените студенти е задолжително.
- Завршиле I студиска година со просек 9.5 и над 9.5 и освоиле најмалку 60 кредити
- Завршиле II студиска година со просек 9.5 и над 9.5 и освоиле најмалку 120 кредити
- Завршиле III студиска година со просек 9.5 и над 9.5 и освоиле најмалку 180 кредити
Забелешки по однос на објавената листа, студентите може да доставуваат до 22.01.2026 година во Службата за студентски прашања од 09:00 до 12:00 h
