Search results

Компанијата Loka со задоволство ја објавува седмата ML пракса наменета за студентите на ФИНКИ!

Ако сте страстни за Machine Learning, Generative AI, LLMs, Data Analysis, Data Mining и Data Processing, ова е одлична можност за вас!

Што нудиме?

Ќе се соочите со предизвици кои опфаќаат работа со големи податоци и реални апликации. Притоа ќе се запознаете со процесите како:

  • Анализа на податоци
  • Развивање и користење на ML и GenAI модели
  • Развивање податочни pipeline-и
  • Серверска интеграција на модели
  • Развој на апликации
  • Можност за вработување по успешно завршување на праксата

Технологии и алатки

Ќе имате можност да работите со врвни технологии и платформи, вклучувајќи:

  • ML алатки: LangChain, llamaindex, MLFlow, SageMaker, Bedrock
  • Data обработка: Beam, Spark, Flink, Airflow
  • Cloud платформи: AWS, GCP, Azure
  • DevOps: Docker

Што очекуваме од вас?

  • Љубопитност и желба за учење
  • Познавање на ML и програмски јазик Python
  • Способност за тимска работа и решавање комплексни проблеми

Зошто Loka?

Ќе станете дел од креативна и амбициозна средина каде што ќе стекнете искуство, ќе научите од врвни професионалци и ќе работите на проекти кои прават разлика.

Придружете ни се и станете дел од нашата визија за иднината на технологијата, пријавете се на следниот линк.

1

Уписот на новите студенти согласно објавените решенија за прием на II циклус на студии во учебната 2024/2025 ќе се врши од 27.02.2025 - 05.03.2025 година од 09:00 до 12:00 ч во службата за студентски прашања на ФИНКИ.

Потребни документи за запишување:

  1. Индекс
  2. 2 (две) фотографии 3,5 см х 4,5 см и 1 (една) 2 см x 3 см
  3. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  4. Извод од матичната книга на родените
  5. Образец за запишување семестар 
  6. Интерен пријавен лист.
  7. Статистички образец за II циклус на студии – ШВ.80А
  8. Договор за студирање (за едногодишни и двогодишни студии) кој се добива и потпишува на денот на уписот
  9. Доказ за уплата на прва рата во висина од 900 евра за едногодишните студии односно 625 евра за двогодишните студии во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на Р. Македонијa

Конечната ранг листа од примени кандидати на втор циклус на студии во вториот уписен рок е достапна на следниот ЛИНК.

Wednesday, February 26, 2025

Заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар во учебната 2024/2025 година за студентите од II циклус на студии ќе се врши од 27.02.2025 до 07.03.2025 година од 09:00 до 12:00ч на шалтерот на Студентската служба на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Потребни документи за запишување на зимскиот семетар:

  1. Индекс
  2. Образец за заверување на семестар
  3. Образец за запишување семестар (доставуваат сите студенти кои сеуште не магистрирале,односно се запишува празен семестар)
  4. Интерен пријавен лист (само за студентите кои запишуваат предмети)
  5. Уплатница за следната рата од школарината, согласно договорот за студирање

За студенти кои преслушуваат предмет дополнително се потребни:

Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма)
цена на чинење на 1 кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма за едногодишните, односно 1/120 за двогодишните студиски програми.
Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата

Wednesday, February 26, 2025

ФИНКИ домаќин на средбата на Работна Група 1 и Работна Група 2 во рамки на LIAISE COST Action

Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) со гордост Ве известува дека е домаќин на средбата на Работна Група 1 и Работна Група 2 во рамки на @liaiseproject!

LIAISE COST Action се фокусира на Индустриска Симбиоза (IS) – иновативен пристап каде отпадот од една индустрија станува суровина за друга. Оваа иницијатива е клучна за напуштање на линеарната економија, поттикнување на одржливо производство и постигнување рамнотежа помеѓу општеството, животната средина и економијата.

Преку соработка и иновации, LIAISE COST Action го отвора патот кон еколошка одржливост и економски придобивки.

https://www.liaise-action.eu/

1

Табови

Дарко Сасански

Ве покануваме на уникатна презентација која ќе ви го открие идниот пат на автоматизацијата и роботизацијата во индустријата!

На 11 март 2025 год. (вторник), во 18 часот, во Големиот амфитеатар А1 на Факултетот за информатички и компјутерски науки (ФИНКИ), Бојан Андоновски, основач на Лекса Роботикс и инженер за роботика со над 20 години меѓународно искуство, ќе ја презентира темата "Роботизација во индустријата".

Бојан има богато искуство во истражување и развој во најпрестижните универзитети и институти за роботика и компјутерска визија ширум светот, како што се NTU во Сингапур, CAS во Сиднеј и TU Dresden во Германија. Неговата експертиза во перцепција, откривање објекти и избегнување пречки со користење на напредни техники за машинско учење, како и иновации во роботиката, го прави еден од водечките експерти во оваа област.

Не пропуштајте ја оваа можност да се запознаете со иднината на автоматизацијата и да дознаете како автономните мобилни роботи ги менуваат индустриите!

0

Студентска служба

Body: 
Студентска служба
Просториите на Студентската служба на ФИНКИ се наоѓаат спроти кабинет 117. 
Студентската служба е достапна за студентите секој работен ден, во период од 09:00 - 12:00 часот.
Информации за референтите кои работат во студентската служба можете да најдете на следниот линк
Контакт
Моб: 070/302-440 (13:00 часот до 15:00 часот )
                

Почитувани, 

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Александар Палас на 28-ми март(петок) со почеток во 12:00 часот

На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2024 година. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 11:00 часот поради административни и организациски обврски и со нив задолжително да носат лична карта. 
 

Со почит.

Friday, March 28, 2025