Search results

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во првиот уписен рок ќе се изврши  во просторија 117 (на истото место каде се поднесуваа документите) според следниот распоред:
на  ден 11.09.2024  
  • Рангирани на Примена на информациски технологии (ПИТ) од 9:00 часот
  • Рангирани на Софтверско инженерство и информациски системи (СИИС) од 12:00 часот
На ден 12.09.2024
 
  • Рангирани на Software engineering and information systems (SEIS) и Стручни студии за програмирање (ССП) од 9:00 часот
  • Рангирани на Интернет, мрежи и безбедност (ИМБ) и  Компјутерско инженерство (КИ) од 10:30 часот
  • Рангирани на Компјутерски науки (КН) и Информатичка едукација (ИЕ) од 12:00 часот
 
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025
Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2024/2025, поднесените документи можат да ги повлечат до 16.9.2024 (09 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.
Friday, September 6, 2024
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека на 11.09.2024 и 12.09.2024 Студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти. 
Поздрав,
Tuesday, September 10, 2024

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 29.08.2024 и 30.08.2024 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

Tuesday, August 27, 2024

Највисоко рангирани 11 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2024/2025 година


Број Вкупно
114108 99,83
113796 99,75
114408 99,72
112699 99,46
116920 99,43
112906 99,43
117437 99,27
112624 99,24
114398 99,22
116087 99,15
115439 99,15

Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00.

 

Кандидатите кои имаат освоено дипломи на републичките и меѓунардоните натпревари по информатика, математика и физика се стипендирани од ФИНКИ со ослободување од плаќање партиципација. 


Број 
115724
114560
114618
113044
115890
114217

Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00. Кандидатите кои имаат вакви дипломи, а не ги приложиле, може тоа да го сторат при носењето на останатите документи

Доколку некој има направено уплата, сумата ќе му биде рефундирана.

 

 

Tuesday, September 10, 2024

Ве известуваме дека според бројот на пријавени кандидати, подготвителната настава по математика и програмирање ќе се реализира. Заради многу малиот број на студенти пријавени за следење на наставата по математика со физичко присуство, наставата по математика ќе се одвива целосно онлајн.

Заради големиот интерес и пораки што ги примивме, рокот за пријавување се поместува до 14.9.2024 година (сабота) до 16:00 часот (деталите за наставата и начинот на пријавување може да ги најдете на овој линк

Подготвителната настава по математика ќе почне во понеделник (16.9.2024) и ќе се реализира до сабота (21.9.2024) онлајн со почеток во 9ч. Детали за начинот на на следење на наставата преку системите за далечинско учење на ФИНКИ  ќе биде пратен до пријавените кандидати во сабота после 16ч.

Подготвителната настава по информатика ќе се реализира хибридно од 23.9.2024 година до  27.9.2024 година. Деталниот распоред заедно со податоци за начинот на следење на наставата преку системите за далечинско учење на ФИНКИ  ќе биде пратен до пријавените кандидати во текот на следната недела.

 

Со цел да може да присуствувате на подготвителната настава, потребно е да приложите уплатница со соодветната сума.

- 3000 денари за подготвителна настава по програмирање (ако слушате само програмирање)

- 5000 денари за подготвителна настава по математика (ако слушате само математика)

- 8000 денари за подготвителна настава по програмирање и математика (ако ги имате избрано и двата курса)

 

Уплатницата (достапна тука) треба да ги содржи следниве информации:

цел на дознака: подготвителна настава по програмирање/математика/програмирање и математика (соодветно која настава ќе ја следите)

назив на примач: Буџет на РМ - УКИМ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје

банка на примач: НБРМ

сметка на примач: 100000000063095

сметка на буџетски корисник: 1600161700  788 13

приходна шифра и програма: 723012  41

 

Уплатницата (слика или документ за електорнско плаќање) потребно е да ја испратите на podgotvitelna@finki.ukim.mk најдоцна до 17.9.2024 (вторник) во 9ч (наутро) ако имате избрано математика или и двата курса, или до 23.9.2024 година ако имате избрано само програмирање.

За било какви прашања можете да ни пишете на podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Ви посакуваме успешна настава.

 

Friday, September 13, 2024

Во системот за молби овозможени се следните:

  • Молба за запишување на повеќе од 35 кредити
  • Молба за плаќање на рати
  • Молба за запишување на предмет без исполнет предуслов (студентот мора да има освоено минимум 210 кредити)
Крајниот рок за поднесување е до 26.09.2024.
Wednesday, September 18, 2024
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2024/2025 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
 
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година  најдоцна до 20.09.2024 до 14:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување на формата на следниот линк
 
Техничките пропусти се однесуваат на:
1. Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2. Избор со кофинансирање
3. Редослед на студиски програми
4. Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Thursday, September 19, 2024

Netcetera’s 2024 Autumn/Winter Internship Program is now open!

Apply and grab the perfect opportunity to build your skill set, boost your knowledge, and expand your horizons through hands-on experience working on real projects using the latest technologies - all that under the guidance of а dedicated mentor and the support of expert colleagues.

Take the initiative - apply for an internship at Netcetera!

- Software Engineer Internship: https://bit.ly/software-engineering-intern-24
- Machine Learning Engineer Internship: https://bit.ly/machine-learning-eng-intern-24
- QA Engineer Internship: https://bit.ly/qa-engineer-internship-24

1

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-2423/1 од 26.09.2109 година за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори и Статутот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се распишува следниов

 

ИНТЕРЕН КОНКУРС

За избор на демонстратори и демонстратори од индустрија за академската 2024/2025 година

 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на единаесет демонстратори за учебната 2023/24 година.

 

Критериуми за избор

За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот  за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2024/25 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:

  1. За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа, согласно Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области) (сл. Весник бр. 91/2024) и тоа сите области од научното поле 1.02 ( Компјутерски науки, информациски науки, образование во информатика и др.) и од научното поле 2.02 областа 2.02.00.14 (Компјутерска техника, информатика и роботика)  односно области од  наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика по квалификација на ОЕЦД (Сл. весник 103/2010) со просечна оценка од најмалку 8,50.

Како критериум за избор се земат:

  • учество од 85% на просекот на завршени додипломски студии
    • просекот се коригира со фактор согласно рангирањето на универзитетот
  • 15 %  од интервју

Обем, надоместок и траење на ангажманот

Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на  аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 10 часа вежби односно 6 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 36.000,00 денари нето месечно.

Факултетот може да избира демонстратори од индустрија кој ги исполнуваат минималните законски услови. Демонстраторите од индустрија можат да имаат максимален ангажман од 4 часа вежби и ќе добијат 30% попуст на магистерските студии или еквивалента исплата.

Работното време е 40 работни часа во текот на неделата согласно распоред на настава и други дополнителни работни задачи.

Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2024/25 година. 

 

Кандидатите треба да достават:

  • Пријава за позицијата за која аплицираат (демонстратор или демонстратор од индустрија)
  • Број на индекс од додипломски (за студенти на ФИНКИ) или Уверение за дипломирање од прв циклус студии за студенти кои завршиле на друг факултет
  • Краткa биографија (CV) со контакт телефон и eмаил адреса
  • Број на индекс од втор или трет циклус студии на ФИНКИ или изјава дека ќе се пријават на втор или трет циклус на студии на ФИНКИ во првиот уписен рок
  • Избор на групи од предмети на кои се пријавува (подредени по приоритет). Групирањето на предметите е достапно на следниот линк.

 

Кандидатите се пријавуваат преку следниот линк најдоцна до 29.09.2024 до 23:59.

 

 

Monday, September 23, 2024

Објавени се прелиминарните ранг листи за вториот уписен рок за академската 2024/2025 година.

Доколку имате приговори во врска со ранг листата, истите можете да ги доставите на arhiva@finki.ukim.mk најдоцна до 24.09.2024 до 16:00 часот.

Monday, September 23, 2024