Search results

Почитувани,

Подолу се објавени списоци на примени студенти на ФИНКИ на втор циклус на студии за академската 2023/2024 година, како и потребните документи за упис.

 

Уписот на новите студенти на II циклус на студии во учебната 2023/2024 ќе се врши од 19.10. до 25.10.2023 година од 09:00 до 12:00 ч во службата за студентски прашања на ФИНКИ.

Потребни документи за запишување:

1. Индекс

2. 3 фотографии

3. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)

4. Извод од матичната книга на родените

5. Образец за запишување семестар

6. Интерен пријавен лист

7. Статистички образец за II циклус на студии – ШВ.80А

8. Договор за студирање за едногодишни и двогодишни студии

9. Доказ за уплата на прва рата во висина од 900 евра за едногодишните студии односно 625 евра за двогодишните студии во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на РС. Македонија.

 

 

Wednesday, October 18, 2023

Секој технолошки стартап има финасиски дилеми. Ќе разговараме за некои од нив со Ристе Маревски, еден од оснивачите на Аксапта Мастерс, и Марија Солева Илиевска од Смарт инвест. Дискусијата ќе ја води Проф. Владимир Трајковиќ од ФИНКИ.

Панел дискусијата е организирана од страна на ФИНКИ во соработка со Startup Macedonia, во рамките на Глобалната недела на претприемништво (ГНП) која се одржува од 13ти до 19ти ноември.

Ве очекуваме на 16 Ноември 2023 од 18:00 во просториите на  Аксапта Мастерс.

0

Почитувани студенти,

Објавен е распоред за распоред за први парцијални испити зимски семестар 2023/2024. Истиот може да го видите на огласна табла.

Friday, November 10, 2023

Компанијата KESSLER објавува оглас за вработување.

Повеќе детали може да се најдат на следниот линк.

 

1
Компанијата Loka (loka.com) ја објавува својата петта ML пракса за студентите на Финки. Нудиме интересни предизвици од полето на Generative AI, LLMs, Machine Learning, Data Analysis, Data Mining и Data Processing. Очекуваме студенти кои се заинтересирани да работат со големи податоци и кои сакаат да научат како да користат некои од следните алатки: TensorFlow, LangChain, llama.cpp, Beam, Spark, Flink, Airflow, Docker, MLFlow, SageMaker како и некои од Cloud платформите, како AWS, GCP и Azure. Ќе бидете вклучени во изработка на проект за петтата генерација практиканти, од почеток до крај - анализа на податоците, користење на GenAI и сопствени модели, прием на податоци, податочен pipeline, сервирање на модел и клиентска апликација.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот линк: https://boards.greenhouse.io/lokainc/jobs/4140454007
 
1

Решенија

Компанијата Semos Cloud објавува оглас за пракса.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1
Почитувани, 
 
Поради посебниот сообраќаен режим  на 29.11.2023 и 30.11.2023 заради одржувањето на ОБСЕ самитот во Скопје, наставата овие 2 дена целосно ќе се одвива online преку BBB
Студентска служба нема да работи на овие денови.
Monday, November 27, 2023

Драги студенти, ве покануваме на запознавање и дружење со Semos Cloud.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1

Qinshift, со своето искуство како меѓународна компанија за развој на софтвер и консултантски услуги, создава удобна работна средина и нуди можности за професионален развој. Во моментов имаме потреба од практикант, со можност за вработување!

 

Студентите што ќе аплицираат, потребно е да ги исполнуваат следните услови:

- имаат афинитет и желба да работат со бази на податоци, DWH, ETL/ELT процеси, Azure Cloud технологии

- последна година од студии

- имаат познавања од структури на податоци, алгоритми и машинско учење

- имаат желба за постојано учење и усовршување

 

Сите заинтересирани треба да испратат CV на ivona.stojanova@qinshift.com најдоцна до Четврток 07.12.2023

Квалификуваните и селектирани кандидати ќе бидат контактирани за разговор и запознавање co компанијата.

Придружете се нашата успешна заедница и обликувајте ја иднината на технологијата со нас!

1