Search results

Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека на 12.09.2023 и 13.09.2023 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

 

Monday, September 11, 2023

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием (нерангираните кандидати кои дале изјава се рангирани со дополнително решениe на крајот од документот, т.е. ги има 2 пати) во првиот уписен рок ќе се изврши на 12.09.2023 во просторија 117 (на истото место каде се поднесуваа документите) според следниот распоред:

  • Рангирани на Примена на информациски технологии (ПИТ) од 8:30 часот
  • Рангирани на Софтверско инженерство и информациски системи (СИИС) од 10:00 часот
  • Рангирани на Software engineering and information systems (SEIS) и Стручни студии за програмирање (ССП) од 11:30 часот
  • Рангирани на Интернет, мрежи и безбедност (ИМБ) и  Компјутерско инженерство (КИ) од 12:00 часот
  • Рангирани на Компјутерски науки (КН) и Информатичка едукација (ИЕ) од 13:30 часот

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Направено е прерангирање поради прифатените приговори.

Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
1. Изјава за доставени документи
2. Образец за запишување на семестар (со залепена слика), пополнет и потпишан (се купува од книжара)
    2.1.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
3. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20) (се купува од книжара)
4.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
    4.а.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци
4.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    4.б.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
    4.б.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
4.в. Кандидатите примени на Стручни студии за програмирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 300 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
     4.в.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
     4.в.2.    Договор за студирање на ССП во два примероци
5. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
6. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
7. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

 

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2023/2024, поднесените документи можат да ги повлечат до 16.9.2023 (09 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

 

Thursday, September 7, 2023

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во периодот од 18 септември до 29 септември 2023 година, организира подготвителна настава по математика и програмирање. Подготвителната настава се организира со цел да им помогне на новите студенти полесно да ја следат наставата по предметите од математика и програмирање во првата година на студирање на сите наставни насоки. 

Подготвителната настава претставува одлична можност студентите да увидат кои предзнаења се неопходни за совладување на курсевите од првите семестри и полесно вклопување во образовниот процес, како и да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање.

Наставата ќе се организира ако се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса. 

Предвидено е дневно да се реализираат 4 до 7 часа настава и вежби. Наставата ќе се реализира со почеток од 9 часот во кампусот на ФИНКИ (деталниот распоред ќе биде дополнително истакнат, по завршување на пријавувањето на кандидатите). 

Наставата по математика ќе се одвива хибридно, т.е. ќе има настава во просторија на факултетот, а истата ќе може да се следи и online на платформата Teams на која ќе се најавите со вашето корисничко име (средношколската електронска адреса). 

Дел од наставата по програмирање се реализира во предавална, а дел во лабораторија. Со цел да се обезбеди ефикасна и квалитетна реализација на часовите во лабораториите, подготвителната настава по програмирање ќе се одвива со физичко присуство.

За курсот по математика се предвидени 40 часа во периодот од 23.9.2023 година до 29.9.2023 година, додека курсот по програмирање ќе се реализира во рамки на 20 часа, во периодот од 18.9.2023 година до 22.9.2023 година. Цената за следење на курсот по математика изнесува 5000 денари. Цената за следење на курсот по програмирање е 3000 денари.

Студентите кои планираат да следат некој од курсевите (или двата) треба да се пријават најдоцна до петок, 15.9.2023 до 11 часот преку пополнување на следнава форма 

Подетални информации околу подготвителната настава може да добиете на следната електронска адреса: podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Сите студенти кои се пријавиле за следење на наставата во предвидениот рок, ќе бидат известени најдоцна до петок, 15.9.2023 со порака на електронската адреса што ја внеле во пријавата дали се активирани групите и дали наставата ќе започне.  

Во продолжение следат кратки содржини на материјалот за подготвителната настава по математика и програмирање.

Детали за курсот по Математика

Наставата по математика опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во основно и средно образование.

Опис на темите кои ќе се обработат:

  • Тема 1: Основни бројни множества. Алгебарски и рационални изрази 
    • Основни бројни множества. Природни броеви: преглед на операциите и законите, прости и заемно прости броеви, деливост. Бројни системи, декаден и бинарен броен систем. Цели броеви: преглед на операциите, подредување.  Рационални броеви: преглед на операциите со дропки, децимални броеви, бесконечни децимални броеви. Реални броеви: поим, геометриско претставување, подредување. Алгебарски и рационални изрази: степен со показател природен број, операции со степени. Цели рационални изрази, мономи, полиноми, операции, разложување на множители, НЗС и НЗД. Дробно рационални изрази: поим и операции.
  • Тема 2: Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Систем линеарни равенки 
    • Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Правоаголен координатен систем во рамнина. Реална функција: дефинициона област, множество вредности. Линеарна функција, тек и график. Линеарна равенка со една непозната: решавање, дискусија и примена. Линеарна неравенка со една непозната. Систем линеарни равенки: систем од две линеарни равенки со две непознати, еквивалентност. Методи за решавање систем од две линеарни равенки со две непознати. Решавање систем линеарни неравенки со една непозната. Апсолутна вредност на реален број. Равенки и неравенки со апсолутни вредности.
  • Тема 3: Квадратни равенки и неравенки, степени и корени 
    •  Квадратни равенки: решавање на полна квадратна равенка, решавање на неполна квадратна равенка, дискусија на решенијата на полна квадратна равенка. Квадратна функција (својства и график) и квадратна неравенка со една непозната.  Степени и корени: степен со показател цел број, корен (поим, проширување и скратување), коренување на производ и количник, степенување и коренување на корен, нормален вид на корен, ирационални изрази.  Рационализација на именител на дропка. Степен со показател рационален број.
  • Тема 4: Логаритамски функции. Тригонометриски функции
    •  Логаритамска функција, правила за логаритмирање, врски меѓу логаритми со различни основи. Тригонометрија: тригонометриски функции од остар агол, врски меѓу тригонометриските функции од ист агол, вредност на тригонометриските функции за некои агли, решавање на правоаголен триаголник, дефиниции на тригонометриските функции (синус, косинус, тангенс и котангенс) од произволен агол, вредност на тригонометриските функции од произволен агол.
  • Тема 5: Математичка логика 
    • Искази. Операции со искази и вистинитосни таблици. Исказни формули и тафтологии. Преведување на реченици од говорен јазик во логички исказни формули.  Исказни функции: поим и решение на исказна функција. Квантификатори. Аксиоми, теореми, докази. Докажување на едноставни математички задачи.
  • Тема 6: Множества. Комбинаторика
    • Множества. Подмножества и еднаквост на множества. Oперации со множества. Индукција.
    • Комбинаторика: комбинации, пермутации, варијации. Биномна формула.

Детали за курсот по Програмирање

Наставата по програмирање опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во средно образование, а вклучува и методи за полесно совладување на алгоритамските концепти.

  • Тема 1: Алгоритми и програмирање. Интегрирани околини за развој. Code::Blocks.
    • Поим за алгоритам. Eдноставни алгоритми и изработка на пример алгоритми. Елементи на околините за програмирање: преведувач, поврзувач, дебагер, библиотеки со стандардни функции. Code::Blocks: инсталација, опис на изгледот на околината: главен прозорец, работна површина. Креирање на нов проект и додавање на изворна датотека во проект. Изградба и извршување на проект.
  • Тема 2: Вовед во програмскиот јазик C++
    • Синтакса на C++: азбука, зборови, посебни симболи и коментари. Величини и податоци. Основни типови на податоци (char, int, float, double, bool). Изрази и искази во C++. Променливи и нивно декларирање. Структура на програмите во C++. Оператори во C++: аритметички, за доделување, инкремент и декремент (префиксен, постфиксен), релациски, логички оператори. Влез и излез. Примери на едноставни C++ програми.
  • Тема 3: Редоследна структура. Изработка на едноставни програми
    • Редоследна структура, блок од наредби. Празна наредба. Изработка на едноставни C програми.
  • Тема 4: Контролни структури. Наредби за избор
    • Контролни искази: наредби за избор, наредби за повторување и наредби за скок. Наредби за избор: if, if-else и switch. Вгнездување на if наредби. Примери на C програми со примена на наредбите за избор.
  • Тема 5: Наредби за повторување
    • Наредбата while – реализација на контролната структура додека-извршувај. Примери за примена на наредбата while. Наредбата do-while – реализација на контролната структура повторувај-додека. Примери за примена на наредбата do-while. Наредбата for – реализација на контролната структура за-до-чекор. Примери за примена на наредбата for. Наредби за скок: break и continue.
  • Тема 6: Еднодимензионална низа
    • Низите како податочни структури. Декларирање на низа. Пристап до елемент на низа – индекси на елементи.  Иницијализација на низа. Примери на C програми со примена на низи.

 

Tuesday, September 12, 2023

Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2023/2024 година.




ИД Вкупно поени Стипендија
108789 99,905 уким
106441 99,744 уким
106183 99,742 уким
105762 99,717 уким
109635 99,588 уким
107559 99,588 уким
106365 99,554 уким
106184 99,554 уким
108908 99,554 уким
107060 99,382 уким

 

Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.


Кандидатите кои имаат освоено дипломи на републичките и меѓунардоните натпревари по информатика, математика и физика се стипендирани од ФИНКИ со ослободување од плаќање партиципација




ИД Вкупно поени Стипендија
109311 99,372 Финки
109099 98,936 Финки
106233 98,936 Финки
109275 98,268 Финки
109815 97,767 Финки
106397 97,722 Финки
105582 97,241 Финки
110054 96,900 Финки
109345 96,700 Финки
109540 95,114 Финки
107042 94,914 Финки
108028 94,748 Финки
109490 93,347 Финки
110305 92,223 Финки
108155 92,180 Финки

 

Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00. Кандидатите кои имаат вакви дипломи, а не ги приложиле, може тоа да го сторат на 12.09.2023, со носењето на останатите документи.

 

Monday, September 11, 2023

По завршувањето на првиот уписен рок на ФИНКИ, за сметка на рангираните пријавени кандидати кои не донесоа документи за запишување, останаа слободни места за вториот уписен рок на повеќето насоки и тоа:

Насока

Државна

  Кофинансирање

Софтверско инженерство и информациски системи на англиски јазик – 6 или 8 семестри

0

24

Интернет, мрежи и безбедност - 6 или 8 семестри

0

7

Компјутерска едукација – 8 семестри

13

0

Компјутерски науки - 6 или 8 семестри

0

54

Компјутерско инженерство – 6 или 8 семестри

29

70

Примена на информациски технолопгии - 6 или 8 семестри

0

3

Софтверско инженерство и информациски системи – 6 или 8 семестри

0

4

Стручни студии за програмирање – 4 или 6 семестри

0

37

Thursday, September 14, 2023

Ве известуваме дека според бројот на пријавени кандидати, подготвителната настава по математика и програмирање ќе се реализира. Заради големиот интерес и пораки што ги примивме, рокот за пријавување се поместува до 17.9.2023 година (недела) до 16:00 часот (деталите за наставата и начинот на пријавување може да ги најдете на овој линк

Подготвителната настава по програмирање ќе почне во понеделник (18.9.2023) и ќе се реализира до петок (22.9.2023) со физичко присуство. Детален распоред ќе биде пратен до пријавените кандидати во текот на следните денови.

Подготвителната настава по математика ќе се реализира хибридно од 23.9.2023 година до 29.9.2023 година. Деталниот распоред заедно со податоци за начинот на следење на наставата преку системите за далечинско учење на ФИНКИ  ќе биде пратен до пријавените кандидати во текот на следната недела.

 

Со цел да може да присуствувате на подготвителната настава, потребно е да приложите уплатница со соодветната сума.

- 3000 денари за подготвителна настава по програмирање (ако слушате само програмирање)

- 5000 денари за подготвителна настава по математика (ако слушате само математика)

- 8000 денари за подготвителна настава по програмирање и математика (ако ги имате избрано и двата курса)

 

Уплатницата (достапна тука) треба да ги содржи следниве информации:

цел на дознака: подготвителна настава по програмирање/математика/програмирање и математика (соодветно која настава ќе ја следите)

назив на примач: Буџет на РМ - УКИМ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје

банка на примач: НБРМ

сметка на примач: 100000000063095

сметка на буџетски корисник: 1600161700  788 13

приходна шифра и програма: 723012  41

 

Уплатницата потребно е да ја донесете до 20.9.2023 година ако имате избрано програмирање или и двата курса, или на 25.9.2023 година ако имате избрано само математика. Кандидатите кои имаат избрано да ја следат наставата по математика преку системите за далечинско учење на ФИНКИ ќе добијат дополнителни информации како и кога да ја достават уплатницата.

За било какви прашања можете да ни пишете на podgotvitelna@finki.ukim.mk.

 

Ви посакуваме успешна настава.

 

Friday, September 15, 2023

Заверувањето на летниот семестар и уписот на зимскиот семестар ќе се врши од 15.09.2023 до 22.09.2023 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение во прилог.
 
Исто така во прилог е листата на предмети за зимскиот семестар за академската 2023/2024 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

 

Friday, September 15, 2023

Ве информираме за студентскиот регионален натпревар Unija Challenge 2023.

Повеќе информации на линкот и во документот.

1

Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот Лоцирање на балканскиот рис каде што ќе имаш можност во рок од 48 часа во тим од 5 луѓе да работиш на креирање на најиновативното решение. Победничкиот тим добива 120.000 денари за реализација на решението.

Повеќе информации на линкот

1

Почитувани студенти,

Oбјавено е решение за префрлање од други факултети на ФИНКИ.

Thursday, September 21, 2023