Search results
Почитувани студенти,
Објавен е распоред за втори парцијални испити во учебната 2021/2022 година. Истиот може да го видите на огласна табла.
Почитувани студенти,
Објавен е распоред за јануарска испитна сесија во учебната 2021/2022 година. Истиот може да го видите на огласна табла.
Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јануарска испитна сесија 2021/2022 година ќе се одвива во периодот од 10.01.2022 – 17.01.2022 година.
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.
Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.
Хартиени пријави за положените испити ќе се носат заедно со документите за упис на летен семeстар 2021/2022.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека сите студенти кои немаат техничка можност да полагаат испити и сакаат да полагаат од просториите на факултетот, истото треба да го најават на https://forms.office.com/r/accX3s0ciN најдоцна до 13.01.2022 година.
Исто така, студентите треба да ја пополнат и потпишат изјавата на линкот и да ја прикачат под точка број 4.
Никола Велковски
Submitted by elena.panovska on Thu, 01/13/2022 - 12:11Почитувани студенти,
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на единаесет демонстратори за учебната 2021/22 година.