Search results

Услови

Body: 

Услови

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2023/24 година, право на конкурирање на уписите имаат кандидатите кои ги исполнуваат следниве општи услови:
  • да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии;
  • да имаат освоено 240 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за едногодишни магистерски студии, односно да имаат освоено 180 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за двогодишни магистерски студии.

Табови

Милена Трајаноска

Сите студенти кои своите студии сакаат да ги продолжат на ФИНКИ тоа можат да го направат во најдоцна до 15.09.2023 година. 
 
Потребни документи:
Молба за префрлување (во истата да содржи контакт телефон и маил)
Уверение за положени испити
Наставни планови
Уплатница  на сметката на ФИНКИ на 2000 МКД, со назнака за префралање од друг факултет (согласно ценовникот на ФИНКИ)
 
Услови:
Студентите кои се префрлаат од факултетите на УКИМ продолжуваат да студираат во истата квота од која се префрлаат.
Студентите од други универзитети можат да ги продолжат студиите во квота со кофинансирање.
Поднесувањето на документите се врши на шалтерот на Студентска служба во период од 09:00 до 12:00 часот.
 
Комисија за префрлање ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изготви решенија за префрлање. Сите студенти кои ќе добијат позитивно решение и кои се согласуваат со истото, ќе треба да се испишат од матичните факултети и запишат на ФИНКИ, во периодот до 24.09.2023.
 
При запишувањето, студентите треба да донесат:
Матични документи (свидетелства, дипломи, извод од матична книга на родени и уверение за државјантство)
Исписница од преходниот факултет
Пријава за запишување (образец А1)
Индекс и две слики
Уплатница на сметката на ФИНКИ во износ од 400МКД за секој од признаетите предмети според решението (согласно ценовникот  на ФИНКИ) (на пример, за 3 признаени предмети, потребно е да се уплатат 3x400МКД, односно 1200МКД). Исклучок од ова се студентите кои на ФИНКИ преминуваат од ПМФ - студии по информатика или ФЕИТ, бидејки кај нив предметите се пресликуваат во истите наставни програми на ФИНКИ. 
По процесирање на индексот од страна на ФИНКИ, студентите ќе треба да го запишат зимскиот семестар во рокот предвиден за тоа. 
Tuesday, August 29, 2023

Почитувани кандидати за упис на ФИНКИ

 

Заради подобра организација на предавањето на документите, Ве молиме документите на уписот да ги носите според следниот распоред:

 Прва буква од презиме

 Термин
 А - Г

 9:00 - 11:00 30.08.2023 (Среда)

 Д - К

 11:00 – 13:00 30.08.2023 (Среда)

 Л - П

 13:00 – 15:00 30.08.2023 (Среда)

 Р - Ш

 09:00 – 11:00 31.08.2023 (Четврток)

 

Кандидатите кои нема да стигнат во предвидениот термин може да дојдат во Четврток, 31.08.2023 од 11:00 до 14:30 часот.

Tuesday, August 29, 2023

Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2023/2024 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.

Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.

По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 04.09.2023, најдоцна до 05.09.2023 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти на следниот линк.

Техничките пропусти се однесуваат на:

1.    Печатна грешка на основен избор на студиска програма

2.    Избор со кофинансирање

3.    Редослед на студиски програми

4.    Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Monday, September 4, 2023

Објавени се одговори на приговорите за технички пропусти по објавената листа на пријавени кандидати со успех од средно образование во учебната 2023/2024 година од првиот уписен рок. Одговорите можете да ги најдете на следниот линк.

Tuesday, September 5, 2023

Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2023/2024 година.

Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши до 06.09.2023 година до 12:00 часот.

Сите  кандидати  кои НЕ се  рангирани  имаат можност да се  доизјаснат  за студиските  програми во кои има слободни места (Компјутерско Инженерство - државна и приватна квота, Компјутерски Науки - приватна квота, Стручни студии за програмирање - приватна квота). Новото рангирање ќе биде  направено  без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската  програма или начинот на студирање  се  прави со пополнување  на  Изјава за  дополнување  на избраните студиски  програми и испраќање на contact@finki.ukim.mk најдоцна до 06.09.2023 година до 12:00 часот.  

 

 

 

 

Tuesday, September 5, 2023

На линкот се објавени одговорите на приговорите по прелиминарната ранг листа на кандидати за упис во учебната 2023/2024 година.

Thursday, September 7, 2023

Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека на 12.09.2023 и 13.09.2023 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

 

Monday, September 11, 2023

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием (нерангираните кандидати кои дале изјава се рангирани со дополнително решениe на крајот од документот, т.е. ги има 2 пати) во првиот уписен рок ќе се изврши на 12.09.2023 во просторија 117 (на истото место каде се поднесуваа документите) според следниот распоред:

  • Рангирани на Примена на информациски технологии (ПИТ) од 8:30 часот
  • Рангирани на Софтверско инженерство и информациски системи (СИИС) од 10:00 часот
  • Рангирани на Software engineering and information systems (SEIS) и Стручни студии за програмирање (ССП) од 11:30 часот
  • Рангирани на Интернет, мрежи и безбедност (ИМБ) и  Компјутерско инженерство (КИ) од 12:00 часот
  • Рангирани на Компјутерски науки (КН) и Информатичка едукација (ИЕ) од 13:30 часот

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Направено е прерангирање поради прифатените приговори.

Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
1. Изјава за доставени документи
2. Образец за запишување на семестар (со залепена слика), пополнет и потпишан (се купува од книжара)
    2.1.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
3. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20) (се купува од книжара)
4.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
    4.а.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци
4.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    4.б.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
    4.б.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
4.в. Кандидатите примени на Стручни студии за програмирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 300 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
     4.в.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
     4.в.2.    Договор за студирање на ССП во два примероци
5. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
6. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
7. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

 

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2023/2024, поднесените документи можат да ги повлечат до 16.9.2023 (09 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

 

Thursday, September 7, 2023