Во рамките на Глобална недела на Претприемништво, ПСМ Фондација во соработка со локалната канцеларија на Microsoft ќе организира настан со цел да ги охрабри младите програмери кои го започнуваат својот бизнис. Настанот е конципиран да им овозможи пристап до ресурсите и алатките кои се потребни за развој на успешна компанија и да ги поврзе со експерти од заедницата без никаков трошок.
 
Настанот ќе се одржи на 15.11.2011 година, во Едукативниот центар М6

Microsoft BizSpark е програмска помош на идната генерација на софтверски компании со цел да им помогне и да ги поддржи во почетоците на нивниот бизнис.
 

Настанот е насочен кон млади програмери кои би сакале да започнат сопствен бизнис или пак претприемачи кои се во почетокот на развој на својата ИТ компанија.

Бројот на учесници е ограничен и сите заинтересирани треба да ја пополнат апликација за интерес.

За повеќе информации, погледнете ја агендата на настанот каде е достапна и апликацијата за учество, или обратете се на info@gew.com.mk.