09/10/2015
Фондот за иновации објавува јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање:
- КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ И „СПИН-ОФ“ - За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 300.000 (тристаилјади евра)евра, односно 18.506.910 (осумнаесет милиони петстотини и шест илјади деветстотини и десет) денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
- КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ И УСЛОВЕНИ ЗАЕМИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ- За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од600.000 (шестотини илјади)евра, односно37.013.820 (триесет и седум милиони тринаесет илјади осумстотини и дваесет)денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 70% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 100.000 (сто илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
- КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ- За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од400.000 (четиристотини илјади)евра, односно24.675.880 (дваесет и четири милиона шестотини седумдесет и пет илјади осумстотини и осумдесет)денари.;Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 200.000 (двесте илјади)евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
Подетални информации, како и документи за аплицирање, можете да најдете на овој линк.