Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на својата платформа за корпоративна општествена одговорност, на 7 мај го објави конкурсот наменет за сите поединци, студенти, ученици, универзитети, правни субјекти и групикои сакаат својата креативност и добри идеи да ги вложат во изработка на квалитетна демо апликација наменета за паметни телефони кои работат на Андроид™ платформа.

Демо мобилната апликација треба да претставува своевиден водич низ урбаниот живот во Скопје, односно да содржи информации за културните случувања, но и за актуелните места за излегување, „афтерворк“ забави, ресторани и кафулиња, концерти и музички настани, вински и улични фестивали.

„Конкурсот има за цел да ја афирмира креативноста, а истовремено и да ги награди добрите идеи, како и да ја прошири базата на корисни апликации на македонскиот пазар за корисниците на паметни телефони од сите генерации. Токму затоа, употребливоста на апликацијата на локално ниво ќе биде еден од клучните критериуми за освојување на наградата. Очекуваме оние кои ќе аплицираат да понудат оригинални, функционални и одржливи решенија со кои новите дигитални технологии ќе ги стават во функција да помогнат во промоција на културните институции, како и за промоција на местата за забава во главниот град,за тие да привлечат поголем број на посетители“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

Конкурсот е отворен од 7 мај и ќе трае до 15 септември оваа година, а можат да учествуваат сите физички лица, жители на Р. Македонија, како и правни лица регистрирани во Р. Македонија.

Главната награда, во висина од 3000ЕУР, ќе биде доделена врз основа на иновативноста и оргиналноста на решението, дизајн на кориснички интерфејс и функционалност, интеграција на андроид платформата, применливост на апликацијата на домашниот пазар, употребна вредност на апликацијата за крајниот корисник, степенот на искористеност на расположливите Андроид технологиии, интеракција со социјални мрежи и перформанси на апликацијата.

Подетални информации за конкурсот, начини на пријавување и останати информации, можете да најдете на овој линк.