Колку ги познавате своите човекови права!?

Колку го познавате правото на слободен пристап до информации!?

Колку може да ви користи тоа уставно загарантирани и законски нормирано право!?

Доколку сакате да спознаете повеќе, повелете на 07.05.2015 година во амфитеатарот на ФИНКИ со почеток во 13 часот.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рамките на својата годишна Програма за подигнување на јавната свест околу правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, одржува едукативни средби со студенти од факултетите во Република Македонија.

Целта на работилниците е непосредно запознавање на студентите со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно со правата на барателите и со обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и со начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

На работилницата, која ќе се реализира на 07.05.2015 година во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство поканети се да присуствуваат студенти и професори кои, покрај подеталното запознавање со ова основно човеково право, ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добиваат одговори во врска со истото, како и да договорат иден ангажман како волонтери, или како практиканти, во Комисијата.

Тренери на работилниците ќе бидат стручни лица од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.