МОФ и Хаклаб КИКА организираат студентски натпревар за програмирање на апликации кои ќе помогнат да се подобри квалитетот на високото образование во Македонија.

Хакатонот ќе се оддржи на 7 и 8 ми март (сабота и недела) , во просториите на МОФ, и ќе трае 48 часа.

Учесниците ќе имаат можност да создаваат апликации под менторство на членовите од клубот на хакери (Хаклаб КИКА).

Тимот кој ќе ја изработи најдобрата апликација ќе има можност да ја презентира истата на настанот за социјален активизам 'Енгејџ' на кој оваа година ќе говорат светски познати активисти од областа на интернетот и слободната технологија.

Учеството е бесплатно, а оние кои ќе присуствуваат ќе добијат награди. За пријавување повеќе на линкот http://www.mof.mk/studentski-hakaton/.

Настанот може да се проследи и на социјалните медиуми https://www.facebook.com/events/646060422172412/?fref=ts
 
 
 /> </div>
</body></html>