18/11/2014
Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.
МКхост е приватна компанија формирана во 2005-та година нуди веб хостинг и регистрација на домени. МКхост е официјален и број еден регистрар во Македонија за .mk домени и хостирање на веб страни.
МКхост е компанија која обезбедува најдобра корисничка поддршка за своите корисници.
Студенти кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за работа во МКхост:
System administrator
Работни задачи
- Нудење на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system)
- Мониторинг , upgrade и контрола врз безбедноста на Linux серверите
- Решавање на најразлични проблеми поврзани со серверите и сервисите на хостинг account-ите на корисниците, како MySQL, PHP, Email, DNS
- Конфигурација, инсталација, оддржување на cPanel веб хостинг панел и дополнителни системски и други софтверски апликации
- Креирање и ресторирање на backup инстанци
- Извршување на однапред временски дефинирани задачи за оддржување на системите
Искуство / познавање од следните области
- Искуство и работа со Linux платофрма (Centos, Ubuntu, RedHat) – инсталација, администрација, мониторинг и troubleshooting
- Работа на ДНС системот (Bind), едитирање и разбирање на dns zone files и архитектура на ДНС системот)
- Познавање и работа со Mail системи (Exim)
- IP адресирање
- Работа со cPanel+WHM контрол панел (инсталација, администрација, troubleshooting) – ќе се смета за предност
- Web servers: Apache, Nginx (конфигурација, оптимизација)
- MySQL – инсталација, оптимизација, администрација и troubleshooting
- Познавање на CMS платформите: Wordpress, Joomla, Drupal
- Познавање и работа со Bash скриптирање
- Знаење на протоколите: TCP, UDP, SSL, SSH, FTP, IMAP, POP3
Вештини и лични карактеристики
Темелно знаење на Linux/Unix и неговите команди/алатки, разбирање на kernel и кориснички простор, swapping, linux file system (ext3, ext4, inodes, clustering, logical partitions), интер-процесна комуникација, IP адресирање, класи на IP адреси, reverse DNS.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV преку емаил на jobs@mkhost.com.mk.