Македонски Телеком АД – Скопје има потреба од ангажирање на студенти за промовирање на нова продуктна линија. Студентите ќе бидат ангажирани до 31.01.2015 година.

Студентите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве карактеристики: комуникативност, одлични презентациски вештини, способност за брзо учење, ориентираност кон продажба, љубезен и кориснички ориентиран.

Студентите кои ќе се ангажираат ќе бидат задолжени: да го направат првиот контакт со потенцијалниот купувач, да ја презентираат понудата за продуктот и да ги објаснат техничките карактеристики, да иницираат продажна постапка во однос на презентираниот продукт.

Ангажманот на студенти е предвиден во Скопје како и во следните градови: Велес, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Неготино, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Радовиш, Струмица, Штип, Битола, Ресен, Гостивар, Кичево, Охрид, Дебар, Прилеп, Струга и Тетово.

Заинтересираните студенти своите биографиите треба да ги достават на следниот e-mail: sonja.kargova@telekom.mk најдоцна до 17.09.2014 година.

Изборот на студенти ќе се изврши по пат на интервју.