
Ни претставува чест и задоволсво да Ве известиме дека победници на балканскиот инженерски натпревар во Ниш се нашите студенти Никола Анѓелковиќ и Сашо Јадровски кои се дел од тимот Fast Forward кој брои уште два члена, Кристина Блажевска и Филип Божиновски.
По победата во Скопје, нашите студенти се покажаа во одлично светло и на меѓународна сцена, освојуваќи го првото место на регионалниот инженерски натпревар во Ниш.
Тие се натпреваруваа во категоријата case study, а проблемот којшто требаше да го решат им беше доделен од страна на Phillip Morris, кои беа едни од главните спонзори на овогодинешниот EBEC Balkan, организиран од страна на студентската организација BEST.
Со оваа победа, нашите студенти кои се дел од тимот Fast Forward, се пласираа во финалето на овој натпрвар, на европското првенство во Рига. Настанот во Рига ќе започне на 1ви август и ќе трае до 9ти август, а истиот ќе биде покриен од страна на CNN.

