Британски совет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) објавуваат предизвик за иновативно решение со кое технологијата може да помогне на културата.

Целта на овој предизвик е да се охрабрат мултидисциплинарни тимови да предложат едноставни, брзо спроведливи и одржливи решенија, со кои новите дигитални технологии може да им помогнат на културните институции, особено музеите и библиотеките, во нивното управување, продукција, грижа и промоција на колекции, како и привлекување на поголема публика.

Предложените идејни решенија треба да се пријават само со користење на предложениот официјален формулар.

Пријавувањето е отворено до среда, 21 мај 2014 година на полноќ.

Повеќе информации на можете да добиете на веб страната на КулТИП