14/05/2014

Македонски Телеком и Hubraum Краков, во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, ги покануваат сите заинтересирани на работилница, по повод светскиот натпревар за иновации на 10.04.2014 во 12:00 часот во амфитеатарот на ТМФ.
На работилницата ќе се обратат претставници на организаторите и ќе ги презентираат најновите телекомуникациски и технолошки трендови како и сите детали околу натпреварот.
Преселекцијата ќе се одржи во периодот – крај на април и мај 2014, а финалниот избор ќе биде на 27 јуни 2014.
На натпревар може да учествува секој со своја иновативна идеја/концепт.
Сите информации поврзани со натпреварот ќе можете да ги најдете на овој линк.
