Во периодот 11-13 април 2014 година (со работни денови 11-ти и 12-ти) ќе се одржи 11-та Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2014, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Oрганизацијата на конференцијата е во соработка со IEEE Computer Chapter Macedonian Section.

Во рамки на Конференцијата ќе се одржи специјална студентска сесија на која ќе бидат презентирани најдобрите студентски трудови, проекти и демоа кои ќе бидат одбрани од комисијата за студентски проекти. Во соработка со IEEE Computer Chapter Macedonian Section ќе биде организиран натпревар и ќе бидат наградени најдобрите три студентски трудови - прва награда 100 USD, втора награда 60 USD и трета награда 40 USD. По тој повод ФИНКИ ги поканува и охрабрува сите заинтересирани студенти да се пријават за учество на Конференцијата.

Информации за начинот на поднесување на проширениот апстракт и труд, роковите за поднесување апстракт и труд, и добивање информација за прифаќање, како и сите други потребни информации во врска со конференцијата се достапни на веб-локацијата на конференцијата - http://ciit.finki.ukim.mk или преку контакт на адресата ciit@finki.ukim.mk. Официјалниот јазик за комуникација на конференцијата е англиски јазик поради меѓународната природа на конференцијата.

ФИНКИ обезбедува превоз и сместување за по еден претставник од секој студентски поднесок од студенти од ФИНКИ, кој ќе биде прифатен за презентација на специјалната студентска сесија на CIIT 2014.