14/05/2014

Компанијата “Геонет ГПС решенија” објавува конкурс за практична работа со можност за вработување и ги поканува сите заинтересирани студенти да аплицираат.
Основната дејност на компанијата е изработка на решенија поврзани со ГПС технологијата и регионална водечка компанија за ГПС решенија која повеќе од 12 години е присутна на нашиот пазар.
Со цел за проширување на тимот, компанијата има потреба од амбициозни и динамични луѓе за следните работни места:
- PHP Developer
- VB.NET Developer
- АNDROID Developer
- iOS Developer
Пожелно е кандидатите да имаат основно познавање на релациони бази (MS SQL Server, PostgreSQL), HTML5 и CSS3.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV), заедно со мотивационото писмо на jobs@gps.mk со назнака во предметот на е-маилот за позицијата која аплицираат.
