14/02/2014

Државниот Центар за стручно обрзование и обука во соработка со Министерството за образование и наука им нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ. Студентите ќе работат со електронскиот систем за екстерно проверување на постигањата на учениците и задолжително ќе добијат потврда за практична работа и одреден месечен надомест. Праксата е соодветна и за студените од почетните години и бара познавање со работа со компјутери.
Заинтересираните студенти може да отидат во понеделник, 17.02.2014 год. вo 8.30 часот во просториите на Центарот за стручно образование и обука, кој се наоѓаат во зградата на МТВ на втори спрат и да се јават кај информатичарот Албион Сулемани. Исто така може да се пријават и на e-mail albion.sulemani@gmail.com.
