
Малите и средни претпријатија претставуваат доминантен тип на претпријатија во економијата на Република Македонија, каде што го апсорбираат најголемиот дел од работната сила, придонесувајќи за намалување на невработеноста.
Со цел да се зголеми бројот на мали и средни претпријатија и да се намали бројот на невработени лица, Министерството за економија објавува јавен повик за организирање на бизнис натпревар под мотото „Биди креативен, започни свој бизнис“.
Предмет на јавниот повик е избор на 40 најдобри бизнис идеи кои ќе се здобијат со право за учество на обука во рамки на бизнис натпреварот „Биди перспективен започни свој бизнис“. Проектот е реализиран од страна на Министерството за економија во соработка со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Министерството за образование и наука, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Државниот Универзитет во Тетово, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Бирото за развој на образованието и Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет.
Повеќе детали за јавниот повик можете да најдете на овој линк, а подетални информации за натпреварот можете да најдете во овој документ [PDF].
