iVote, ИТ компанија специјализирана за софтверски решенија за изборни процеси, е-учење и е-трговија, распишува оглас за 2 практиканти за развој на софтвер. Времетрањеето на праксата е 3 месеци, со сериозна можност за вработување.
 
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните предуслови: Познавање на .NET, MSSQL, одлично познавање на англискиот јазик, добри комуникациски вештини. За аплицирање на овие позиции не е потребно претходно работно искуство.
 
Практикантите ќе имаат можност да работат на реални проекти со користење на најновите развојни алатки и технологии и работа во тим во динамична работна средна.
 
Сите заинтересирани може да пратат кратка e-mail порака со CV на jobs@ivote.mk со наслов „Апликација за пракса за девелопер“.