18/09/2013

Обединетите нации и Министерството за надворешни работи, во партнерство со Центарот за социјални иновации со седиште на ФИНКИ, распишуваат Конкурс за социјално-иновативни проекти “Смисли нешто – остави трага”.
Целта на конкурсот е да се пронајдат иновативни решенија за следните предизвици:
- Родова еднаквост – редуцирање на родовите стереоптипи меѓу младите во праватниот и јавниот живот.
- Подобрување на здравствените услуги во руралните средини
- Заштита на животната средина – подигнување на свеста во домаќинствата за важноста на рециклирањето на електронски и електрични уреди.
За секој предизвик ќе има по еден победник. Секој од победниците ќе добие буџет за реализирање на предлог-проектот во висина од 1500 американски долари. Оној предлог-проект кој ќе биде најдобро оценет од комисијата, ќе добие парична награда од 500 американски долари.
На конкурсот може да аплицираат и студенти на ФИНКИ.
Повеќе информации можете да добиете на www.ostavitraga.mk.
