06/08/2013

Проектот на UNDP со назнака „Support to Strengthening the National and Local Integrity Systems“ објавува оглас за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Фокусот на работата на практикантот е создавање на иновативни решенија за организирање на Регионалната конференција. За време на овие активности практикантот ќе се фокусира на дизајнирање на покани за конференцијата користејќи креативни ИТ решенија, асистирање во организација и логистика на Конференцијата. Исто така, задача на практикантот ќе биде да нуди поддршка во активностите поврзани со дизајнот, развојот и одржување на содржината која ќе биде објавувана преку алатки за социјална комуникација, како и поддршка во развојот на стратегија за користење на социјалните медиуми.
Заинтересираните кандидати потребно е да го пратат своето CV на англиски јазик на следната адреса. Подетални информации можете да добиете во овој документ[PDF].
