Во период од 09.06.2013 до 23.06.2013 во хотел Молика во Битола, се оддржа летен камп за талентирани ученици од средните училишта во Република Македонија, во организација на Министерството за образование и наука во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје, Технолошко – металуршкиот факултет и Машинскиот факултет Скопје.

Курсот по основи на роботика, кој се одржа во рамките на летниот камп за талентирани ученици, имаше цел да ги поттикне иновативниот дух, желбата за стекнување нови знаења од областа на роботиката и да го објасни значењето на спојување на софтверот со хардверот за идните компјутерски инженери.

За време на предавањата и вежбите, петнаесете талентирани ученици, имаа единствена можност да се запознаат со теоретските основи на роботиката и да ги применат стекнатите знаења на роботите од Лабораторијата за интелигентна роботика при ФИНКИ. Во рамките на предавањата учениците се запознаа со повеќе теми од роботиката како што се основни роботски елементи, кинематика и динамика на роботите, локализација, мапирање како и некои напредни теми од био-роботиката.

Во овој период учениците успешно завршија неколку задолженија кои вкучуваа програмирање во Matlab со Robotics Toolbox, како и програмирање на роботите NАО, ARDrone како и Pioneer 3-DX. Учениците се запознаа со програмирањето во Matlab и стекнатото знаење го применија за управување на симулирана роботска рака.

Со помош нa NAO роботите, учениците успешно имплементираа две кореографии со уникатна содржина. ARDrone квадкоптерите ги програмираа за препознавање на обоени површини на кои требаше да слетаат со користење на основни елементи од процесирање на слика, додека Pioneer 3-DX роботите беа користени за снаоѓање на роботот во лавиринт. За изведување на вежбите покрај Matlab, учениците користеа и C++ и JAVA.

Предавањата беа организирани од вон. проф. д-р Андреа Кулаков и доц. д-р Невена Ацковска. Вежбите беа организирани од м-р Весна Киранџиска и м-р Петре Ламески. За успешната организација на предавањата и за слободните активности исполнети со дружење се погрижија Бојан Илијоски, Дарко Мартиновиќ, Јован Андонов и Владислав Бидиков.

Во прилог ви презентираме галерија на слики од настанот. Повеќе фотографии можете да погледнете на Facebook албумот на ФИНКИ.
 
 /></div>
<div> </div>
<div><img src=