07/06/2013

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатички технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Висока стручна подготовка- диплома од ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
- Возачка дозвола (Б категорија)
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
- Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
- Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите кои што го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на оваа e-mail адреса или по пошта на следнава адреса: Smart Solutions, ул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk
