04/03/2013

Компанијата Културно богатство од Скопје објавува конкурс за практиканти од повеќе области и ги поканува сите заинтерсирани студенти да аплицираат. Целта на компанијата е да истражува и обработува теми од историјата, културата, традицијата и обичаите на народите. Работата на компанијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
За таа цел, компанијата има потреба од студенти - практиканти кои би работеле на веб страната на оваа компанија и сите активности поврзани со неа. За подетални информации погледнете го официјалниот оглас од компанијата, или контактирајте директно со одговорните лица во компанијата на следната email адреса.
ДОПОЛНУВАЊЕ: Огласот за практиканти е затворен. Компанијата им се заблагодарува на студентите на ФИНКИ за покажаниот интерес и се надева на успешна понатамошна соработка.