На ден 25.02.2013, понеделник, деканот на ФИНКИ Проф. д-р Димитар Трајанов, претставници од студентскиот сојуз на ФИНКИ, претставници од IEЕE, Сивус едукативниот центар и претставници од студентската организација БЕСТ свечено го отворија Европскиот БЕСТ инженерски натпревар (EBEC) кој се одржува во просториите на ФЕИТ/МФС, оваа година по 4-ти пат. Свеченото отворање се одржа во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС, во понеделник (25.02.2013) со почеток во 9 часот.
 
Примарна цел на Европскиот БЕСТ Инженерски натпревар, во организација на студентската организација БЕСТ Скопје, е да ги поврзе студентите со лидерите на различни делови од општеството, на креативен и иновативен начин да им овозможи на студентите тимски да решаваат комплексни инженерски проблеми, развивајќи ги нивните технички способности.
 
 /> </div>
<div> </div>
</body></html>