14/02/2013

На 14.02.2013 година, во 09.00 часот, официјално беше отворен развојниот центар на Нокиа во рамките на ФИНКИ. Ова е прва лабораторија од ваков тип на Балканот и нејзина примарна цел е доближување на студентите со мобилните технологии кои ги нудат Нокиа и Мајкрософт.
На отворањето присуствуваа: Дариус Залевски, одговорен за Развојниот дел на Нокиа за Централна и Источна Европа, Вацлав Мач од Мајкрософт одговорен за бизнис соработка со владини институции и корпорации во Централна и Источна Европа, како и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Во својата презентација, г-динот Залевски ги опиша можностите кои ги нуди оваа соработка, меѓу кои најважната за студентите е APP CAMPUS програмата која нуди помош од 20,50 и 70 илјади евра за старт-ап идеи. Во останатиот дел од презентацијата стана збор за Nokia Developer програмата, порталот за развој на апликации за Нокиа мобилните уреди, Nokia Ad Exchange и Marketing in a Box програмите. По него, презентација одржа и г-динот Мач во која детално ја опиша соработката помеѓу Нокиа и Мајкрософт за заедничкиот проект APP CAMPUS и поддршката која ја нуди Windows Phone Dev Center порталот за развој на мобилни апликации.
Повеќе информации за програмите и проектите може да најдете на следните веб страници:
http://www.developer.nokia.com/
http://www.developer.nokia.com/Distribute/NAX/

