Македонската асоцијација за развивање игри (MAGDA) организира две локации на територијата на Република Македонија кои ќе учествуваат во Global Game Jam 2013, настан во кој во еден викенд, низ цел свет ќе се собираат ентузијастите за играње и правење игри и низ забава и работа ќе се обидат да направат игра за 48 часа.

Локациите во Македонија се во Скопје (ФОН Универзитет) и во Битола (Новата Сала на Советот на Општина Битола).
 
Global Game Jam Македонија започнува на 25 Јануари и трае без прекин до вечерта на 27 Јануари 2013. За учесниците ќе биде обезбедена храна и пијалок за време на целокупните 48 часа.
 

Посетете го официјалниот сајт или Facebook групата за да дознаете повеќе детали.
Учесниците на Global Game Jam Македонија ќе имаат шанса да се натреваруваат за повеќе локални и глобални награди обезбедени од нашите спонзори, како Microsoft, Unity, BiMilk, Donia итн.