Kомпанијата Космик Девелопмент објавува отворен конкурс за работно место и ги поканува сите заинтересирани кандидати кои одговараат на бараните квалификации да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
 

 

Компанијата Космик Девелопмент е компанија која што ги нуди сите можни услуги поврзани со информатичка технологија, услуги чиј опсег вклучува повеќе нивоа и технологии (како: развој и дизајн на веб-страници, десктоп и мобилни апликации, оптимизација за интернет пребарувачи итн.). Космик Девелопмент е постојано во чекор со најновите иновации, во непрекинат обид да испорача услуги според најновите трендови, а при тоа обезбедувајќи ги клиентите со високо-квалитетни и лесно-надградливи интернет производи. Компанијата е основана во Март 2011, а просториите се лоцирани во новиот бизнис центар Синерџи во Скопје, Р. Македонија.

Во потрага сме по искусен и талентиран кандидат кој е подготвен да му се придружи на нашиот тим на позицијата PHP Програмер со следните квалификации:

Потребни квалификации:

  • Најмалку 3 години работно искуство како LAMP Програмер;
  • Искуство со работење на различни веб сервери;
  • PHP 5 - Кандидатот треба да е одличен PHP5 програмер, запознаен со најновите функции во PHP 5.X;
  • Добро разбирање и способност да се градат апликации со користење на MVC архитектура;
  • Одлично познавање на MySQL
  • Одлично познавање на Javascript/AJAX; jQuery
  • Познавање од XHTML, CSS;
  • Разбирање и примена на концептите на објектно ориентирано програмирање;
  • Linux и ситем администрација;
  • Добри меѓучовечки вештини, флексибилност и приспособливост;
  • Самоиницијативност - кандидат кој би можел да се вклучи во работниот процес без многу насоки;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (пишан и говорен).

Нудиме пријатна, динамична и неформална работна средина, каде секој вработен има шанса да се развие како на професионален така и на личен план. Нашиот тим е составен од млади талентирани индивидуи, кои со голем ентузијазам приоѓаат на работните проекти. Ве молиме испратете ги своите биографии на англиски јазик на careers@cosmicdevelopment.com. На интервју ќе бидат повикани само оние кандидати кои ги исполнуваат барањата за работното место.