Врз основа на став 3 од член 8 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и одлуката од Деканатската управа донесена на 29.9.2011 година за потреба од демонстратори на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, деканот на Факултетот распишува интерен Оглас за избор на демонстратори.

Факултетот има потреба од демонстратори на следните студиски програми:

  • ИКИ и ИНФО – 12 демонстратори;
  • АСИ и ИТ – 4 демонстратори.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да имаат завршен Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултет за електротехника и информациски технологии или Природно математички факултет, студиски програми по информатика;
  • да дипломирале со просечна оцена најмалку 8,5;
  • да познаваат најмалку еден светски јазик;
  • да имаат способност за комуникација со студенти.

Со пријавата, кандидатите поднесуваат: документи за завршено образование, куса биографија (CV) и потврда за познавање на странски јазик на адреса: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Руѓер Бошковиќ 16 или во архивата на Инфо шалтерот на Факултетот.

Огласот трае до 10.10.2011 година.

Избраните демонстратори можат да бидат ангажирани и на новите студиски програми на Факултетот. Факултетот го задржува правото да не ги ангажира избраните демонстратори доколку во учебната 2011/2012 година нема доволен фонд на часови, односно предмети.
 
Огласот во изворен формат е даден во прилог.