05/09/2011

Компанијата Веб Фактори изразува подготвеност и желба да им овозможи на студентите на ФИНКИ да ја остварат својата студентска пракса, со која студентите ќе имаат можност да стекнат работно искуство преку програма за пракса и да ги докажат своите професионални вештини во полето на развој на мобилни апликации - Android и iOS базирани платформи.
Покрај праксата, практикантите ќе добијат и можност за вработување во компанијата. На крајот од праксата, практикантите ќе добијат и официјална потврда за остварена пракса во компанијата.
За аплицирање студентите можат да испраќаат CV на career@webfactory.mk или на веб страната на компанијата, преку формата за аплицирање.