Post date:
24/03/2026
Почитувани,
Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Ресторан Парк на 30-ти март 2026 (понеделник) со почеток во 12:00 часот.
На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2025 година. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 10:30 часот поради административни и организациски обврски и со нив задолжително да носат лична карта и пополнета и испечатена изјава.
Со почит.
