
Успех на CTF тимот на УКИМ на глобалниот University CTF 2025

Ни претставува особена чест и задоволство да споделиме дека CTF (Capture The Flag) тимот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), поддржан од ФИНКИ CIRT, го освои високото 22-ро место на глобалниот University CTF 2025: Tinsel Trouble, организиран од Hack The Box.
Во конкуренција од над 1000 универзитети од целиот свет, тимот го постигна следниов резултат:
- 1-ви на Балканот
- 9-ти во Европа
- 22-ри во светот
На овој натпревар кој се одржа изминатиот викенд (19.12.2025 – 21.12.2025), нашиот тим покажа извонредно знаење и тимска работа во седум предизвикувачки категории: Web, Reverse Engineering, Forensics, Cryptography, Pwn, OSINT и Coding.
Овој успех ја потврдува посветеноста, техничката експертиза и соработката на нашите студенти на еден од најпрестижните студентски CTF настани оваа година. Постигнатиот резултат е доказ за растечката сила на образованието и истражувањето во областа на сајбер безбедноста на ФИНКИ при УКИМ.
Им упатуваме честитки на сите членови на тимот за нивниот труд и извонреден успех. Со нетрпение очекуваме уште поголеми достигнувања во иднина.
