Обработка на SQL барања во Amazon Redshift

Гостинско предавање од член на Алумни борд.
Предавањето ќе се одржи во среда од 18:00 часот, во амфитеатарот на Машинскиот факултет.

Мартин Миленкоски

Апстракт:
Во оваа презентација ќе зборуваме за архитектурата и начинот на обработка на SQL барањата во Amazon Redshift. Ќе ги прикажеме уникатните предизвици со кои се соочуваат модерните складишта на податоци и нивните решенија. На крај, ќе дадеме осврт на моменталните трендови во областа на процесирање на големи податоци.

Биографија:
Мартин Миленкоски е софтверски инженер во Amazon Web Services, каде што работи на развојот на сервисот за бази на податоци Amazon Redshift, со фокус на процесирање и оптимизација на SQL барања. Тој исто така работи на интеграција на Redshift со open-source формати како Apache Parquet и Apache Iceberg. Претходно има работено во Facebook и Swisscom.

Мартин има дипломирано на ФИНКИ во Скопје и е магистер по компјутерски науки од EPFL во Лозана. Добитник е на наградата „Инженерски прстен“.

0