Почитувани,

По реакција на Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство околу поплаки од студенти на кои им е ускратено правото за користење на студентски оброк за месец 12/2025 година, направен е детален увид во документацијата на сите студенти при што е утврдено дека на одреден број на студенти на Факултетот и покрај тоа што исполнуваат услови од страна на Министерството за образование им е прекинато правото на студентски оброк. Факултетот детектираше техничка грешка кај дел од студентите која е појавена при импортирање на податоци за 12/2025 година. Факултетот веднаш ги отстрани сите технички грешки и списокот е одново вчитан во системот на Министерството. Факултетот во текот на утрешниот ден ќе го извести Министерството за настанатата техничка грешка, со барање да се дозволи одново аплицирање за студентски оброк на сите студенти на Факултетот на кои од 12/2025 им е ускратено правото.

Со оглед на горе наведеното, ги молиме сите студенти на кои им е ускратено правото за користење на студентски оброк (не по нивна вина) да поднесат одново апликација преку системот на Министерството за користење на студентски оброк.

Како и досега, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ги уверува студентите дека ниту еден студент на кој му е ускратено правото за користење на студентски оброк од 12/2025 година, без разлика на исходот од барањето до Министерството, нема да претрпи финансиски загуби, односно Факултетот ќе најде начин за надоместување на евентуалните загуби, доколку настанат.