Game Dev Rev 2025: Првата конференција посветена на развивање игри во Македонија ќе разабуди креативна револуција 

Скопје, Македонија - 15-16 октомври 2025 

Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 15 и 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација. 

Нов почеток 

GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока - Почетокот. Тој симболизира создавање, раѓање, каписла и револуција. Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската сцена за развивање игри. Како сеуште не доволно истражен предел на креативност и талент, Македонија има огромен потенцијал, а GDR25 е дизајнирана на студентите, младите креативци и професионалците, да им обезбеди мотивација, насоки, контакти, па дури и самодоверба за да се впуштат и напредуваат во индустрија за развивање игри. 

Што да очекувате на GDR25 

  • Врвни говорници и спикери: Светски лидери кои ја обликуваат иднината на игрите ќе одржат keynote предавања, fireside chat и Ask-me-Anything сесии. 
  • Indie Zone Showcase: Повеќе од 30 инди студија ќе ги претстават своите проекти, нудејќи преглед на следниот бран на креативци. 
  • Развој и имплементација на екосистемот: Панели и работилници посветени на продукција, раст на екосистемот и бизнисот на развивање игри. 
  • Вмрежување и VIP настани: Специјално курирани случувања за поврзување и соработка меѓу „главните играчи“ во индустријата, партнерите и посетителите. 
  • Заедница и култура: Од разновидна храна до голема забава, GDR25 ветува живописна мешавина од култура и дружење. 

Билети и можности за партнерство 

Билетите се веќе достапни во три категории: 

  • Standard Pass – 20 € 
  • VIP Pass – 60 € 
  • Student Pass – 10 € 

Дополнително, општествено одговорните компании имаат можност да купат студентски билети по намалена цена и да ги донираат на образовни институции. Со тоа не само што ја поддржуваат следната генерација на девелопери на игри, туку добиваат и статус - партнери на GDR25

Платформа за раст и соработка 

Конференцијата очекува 250–300 учесници низ различните траки и активности, создавајќи уникатно место за средба на локални и меѓународни девелопери. GDR 2025 е поддржана од Асоцијацијата на македонската индустрија за развивање на игри (MGI), независни студија, QA партнери, Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како и организации посветени на развој на дигиталната креативност. 

Приклучи се кон револуцијата 

Game Dev Rev не е само конференција – тоа е почеток на движење што има цел да ја постави Македонија на глобалната мапа на развивање игри. 

За повеќе информации и за купување билети посетете: www.gamedevrev.com 

Контакт: contact@gamedevrev.com 

 

1